САМОРЕГУЛАЦИЈАТА НА ДЕЦА СО ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ
Клучни зборови:
саморегулација, извршна функција, лесна интелектуална попреченостАпстракт
Вовед:Саморегулацијата е важна извршна функција одговорна за контролата на емоциите, однесувањето и душевните процеси. Поврзана е со училишниот успех на децата, како и со нивниот когнитивен и социјален развој. Забележано е дека кај децата со интелектуална попреченост постои значаен дефицит во способностите за саморегулација.
Цел:Главна цел на ова истражување е да се испитаат способностите за саморегулација на деца со лесна интелектуална попреченост. Дополнително, целите се и испитување на саморегулацијата во однос на полот на децата и испитување на односот меѓу возраста и саморегулацијата
Методологија:Примерокот за ова истражување беше составен од 42 деца со лесна интелектуална попреченост, на возраст од 7 до 15 години. Од нив 22 се момчиња, а 20 девојчиња. Саморегулацијата беше проценета со Бихејвиорално оценување на инвентарот на извршната функција (BRIEF).
Резултати:Резултатите посочуваат дека 10 деца или 23,8% имаат клинички значаен дефицит во способностите за саморегулација.Способностите за саморегулација кај овој примерок беа значително пониски споредено со контролниот примерок. Момчињата имаат подобри способности за саморегулација отколку девојчињата од овој примерок. Способностите за само регулација се подобруваат со возраста на испитаниците од овој примерок.
Заклучок:Имајќи го предвид фактот дека овие способности можат да се подобрат, се предлага образовните институции да обрнат повеќе внимание на развивање на извршните функции кај училишната возраст. Образовните институции треба да размислат за вметнување обука за извршните функции во нивните наставни планови и програми.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2015 Харис Мемишевиќ

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
