ПОДДРШКА НА ИНКЛУЗИВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ЗА ДЕЦА СО ПРОБЛЕМИ ВО ОДНЕСУВАЊЕТО И НА НИВНИТЕ РЕФЕРЕНТНИ ЛИЦА ВО ОДДЕЛЕНСКА НАСТАВА ВО ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ (1-3 ОДД.)

Автори

  • Улрике БЕКЕР University of Potsdam, Faculty of Human Sciences, Potsdam, Germany

ДОИ:

https://doi.org/10.2478/

Клучни зборови:

советување, инклузивно образование, нарушeнo однесување

Апстракт

ОсноваВо Германија можеме да кажеме дека, и покрај сите напори за инклузивно образование, постои тенденција за издвоено образование што се однесува до „емоционалниот и социјалниот развој“. Во Берлин беше развиен проектот Транзиција. Со овој вид поддршка беше овозможено сите деца-учесници да останат во нивните основни училишта.
ЦелиИстражувањето имаше за цел да открие на кој начин поддршката, во контекст на проектот Транзиција, придонесе за успешно инклузивно учење на учениците со значителни проблеми во нивното општествено однесување.
Методи:Беше употребен полустандардизиран прашалник за интервјуирање на наставниците во редовните училишта и, згора на тоа, беа оценети училишните сертификати (свидетелствата) во врска со редовното посетување на училиштето, како и способностите по математика и германски јазик. Во истражувањето учествуваа девет училишта од Берлин. Стапката на одговор беше 96%.
Резултати: Тековното истражување покажува дека инклузивното образование во случај на значителни проблеми во општественото однесување може да биде успешно само со советување на родителите и наставниците, со соработка на училиштата и со помагање на  младите,  како  и  со  привремено  групно ослободување од учење, како на учениците со проблематично однесување така и на целокупната група и на наставниците - првите успеваат со практикување на признавање и прифаќање, дури и покрај сериозните проблеми со однесувањето во училиште. 

Заклучок:Резултатите јасно покажуваат дека интеракцијата наставник – ученик и интеракцијата ученик – ученик значително се подобруваат во субјективната перцепција на одделенските наставници.  За да бидат успешни овие односи, на сите им е потребна „посебна средина“. 

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2014-03-31

Како да се цитира

ПОДДРШКА НА ИНКЛУЗИВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ЗА ДЕЦА СО ПРОБЛЕМИ ВО ОДНЕСУВАЊЕТО И НА НИВНИТЕ РЕФЕРЕНТНИ ЛИЦА ВО ОДДЕЛЕНСКА НАСТАВА ВО ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ (1-3 ОДД.). (2014). Дефектолошка теорија и практика, 15(1-2), 24-42. https://doi.org/10.2478/

Слични трудови

1-10 од 65

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.