СТАВОВИ НА ИЗРАЕЛСКИТЕ И СЛОВАЧКИТЕ СТУДЕНТИ-НАСТАВНИЦИ ВО ОДНОС НА ИНКЛУЗИЈАТА НА УЧЕНИЦИ СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ ВО РЕДОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ: КОМПАРАТИВНА СТУДИЈА

Автори

  • Цафи ТИМОР The Kibbutzim College of Education, Technology &The Arts, Tel-Aviv, Israel
  • Јана ХАРТАНСКА Универзитет „Константин Филозоф“ во Нитра, Факултет за уметност, Република Словачка

ДОИ:

https://doi.org/10.2478/

Клучни зборови:

инклузивно образование, посебни потреби, хетерогени класови, студент-наставник, ставови

Апстракт

Целта на оваа студија е да ги истражи сличностите и разликите на две групи студенти–наставници од различи култури: група од Израелци и група од Словаци. Двете групи беа поделени во парови кои комуницираа преку електронска пошта на тема: Инклузија на ученици со посебни потреби во редовното обрaзование. Анализата на содржината на објавите се однесуваше на три категории: теоретско и практично знаење за посебните потреби, став кон посебните потреби и инклузијата, стратегии за справување со разликите во хетерогени класови. Резултатите покажаа сличност во позитивните ставови кон инклузијата помеѓу двете групи. Сепак, групите се разликуваа во нивното теоретско и практично знаење, затоа што словачката група имаше малку работно искуство и немаше следено академски курсеви за инклузија. Резултатите ја прекинаа постоечката врска меѓу академските курсеви/работното искуство и позитивните ставови за инклузијата и предлагаат поинаков начин на размислување. Тие, исто така, ја истакнуваат потребата да се истражи концептуалната разлика меѓу културите.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2014-03-31

Како да се цитира

СТАВОВИ НА ИЗРАЕЛСКИТЕ И СЛОВАЧКИТЕ СТУДЕНТИ-НАСТАВНИЦИ ВО ОДНОС НА ИНКЛУЗИЈАТА НА УЧЕНИЦИ СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ ВО РЕДОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ: КОМПАРАТИВНА СТУДИЈА. (2014). Дефектолошка теорија и практика, 15(1-2), 7-23. https://doi.org/10.2478/

Слични трудови

1-10 од 55

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.

Најчитани трудови од истиот автор(и)