ВOЈНА, ПОЛИТИКА И ИДЕОЛОГИЈА ВО 21 ВЕК

Authors

  • Горан Зенделовски Филозофски факултет, УКИМ, Скопје

DOI:

https://doi.org/10.37510/

Keywords:

војна, политика, интереси, идеологија, глобална милитаризација

Abstract

Војната претставува еден од најпроучуваните феномени на почетокот на 21 век.Заради нејзината постојана трансформација и различните начини на нејзино манифестирање, расте и потребата за нејзино опсервирање. Постои широк дијапазон натолкувања за војната бидејќи таа ги засега сите области од општественото живеење, политиката, економијата, дипломатијата и религијата.Присутната неизвесност и стравот од идни војни и конфликти сe видоа како причина зазајакнување на воените капацитети и зголемување на трошоците за одбрана на државите и на меѓународните организации, што придонесе до новa тркa во вооружување и јакнење на милитаристичкиот менталитет и влијание на воената сила како двигател во надворешната политика.
Особено внимание посветуваме на причините за појава на војни и на политиката што ја поттикнува војната до крајни граници, како во поглед на ангажирање на силите и средствата, така и по однос на манифестирањето на насилството.Историското искуство покажува дека владите и нивните лидери се водени според националните интереси и идеологии, и воопшто не се колебливи по однос на почнувањето на војна, гледајќи на воената силакако средство за постигнување на политичките цели, а притоа не внимаваат на реперкусиите врз меѓународното право и зачувувањето на мирот во светот.

Published

2025-12-16

How to Cite

ВOЈНА, ПОЛИТИКА И ИДЕОЛОГИЈА ВО 21 ВЕК. (2025). Annual of the Faculty of Philosophy in Skopje, 78(1), 377-392. https://doi.org/10.37510/

Most read articles by the same author(s)

1 2 > >>