ИНТЕРКУЛТУРНИ БРАКОВИ: СОСТОЈБА И ТРЕНДОВИ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Abstract

Семејствата и брачните заедници во современите општества се соочуваат постојано со промени и приспособувања на влијанието на процесите на урбанизација, глобализација, индивидуализација и на континуираниот технолошки развој. Дополнително, како резултат на зголемената географска мобилност на населението во изминатиот век, државите, денес, се најчесто етнички или расно хетерогени. Во 21-виот век интеркултурните бракови, односно партнерските унии помеѓу индивидуи од различно етничко или расно потекло, стануваат сè почеста појава во светот и го привлекуваат вниманието на социолошките и психолошките истражувања.

Република Северна Македонија, иако претставува мултиетничка и мултиконфесионална држава, нема висока стапка на интеркултурни бракови, бидејќи истите не се сè уште целосно прифатени во општеството. Во овој труд ќе ги анализираме интеркултурните бракови, познати разговорно и како мешани бракови, во светот и во македонското мултикултурно општество. Ќе ја анализираме комплексноста на мешаните бракови од теоретски аспект и ќе презентираме релевантни истражувања на оваа тема. Дополнително, ќе ги презентираме податоците од квалитативно истражување за интеркултурните бракови во Република Северна Македонија кое беше спроведено во текот на 2020та година и се однесува на искуствата на брачните двојки кои се во мешан брак.

Downloads

Download data is not yet available.
Published
2021-12-16
How to Cite
Авировиќ Бундалевска, И. (2021). ИНТЕРКУЛТУРНИ БРАКОВИ: СОСТОЈБА И ТРЕНДОВИ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА. Annual of the Faculty of Philosophy in Skopje, 74(1), 683-696. Retrieved from https://journals.ukim.mk/index.php/godzbo/article/view/2370