ИСТОРИСКИ РАЗВОЈ НА СЕМЕЈНИТЕ СТУДИИ КАКО ЗАСЕБНА АКАДЕМСКА ДИСЦИПЛИНА
ДОИ:
https://doi.org/10.37510/Клучни зборови:
Семејни студии, САД, научна дисциплина, научна дебатаАпстракт
Овој труд има за цел да ја истражи еволуцијата на семејните студии како посебна академска дисциплина, со фокус на нејзината интердисциплинарна природа, теоретските предизвици со кои се соочува и институционалниот развој во САД. За разлика од класичните научни дисциплини со унифицирана парадигма
и јасен теоретски корен, семејните студии се формираат како резултат на дијалог меѓу повеќе научни области – социологија, психологија, антропологија, историја, демографија, родови студии и други сродни научни полиња. Оваа интердисциплинарност, иако ја збогатува аналитичката димензија на полето, истовремено води кон методолошка расцепканост и отсуство на кохерентна теоретска рамка. Трудот ги анализира двете страни на оваа дебата – критиките за теоретската зависност и поддршката за интердисциплинарна иновација – како клучни за разбирање на дисциплинарниот статус на семејните студии.
Истражувањето се базира на историско-аналитичкиот метод, преку кој се мапираат клучните институции, академските публикации и пресвртниците во развојот на полето, со особено внимание на општествените
и академските фактори кои влијаеле врз неговата институционализација. Посебен акцент е ставен на анализата на американскиот контекст, неговиот процес на институционализација и развој во различни фази. Истовремено се анализираат најзначајните истражувачки центри и академски списанија кои придонеле за воспоставување на семејните студии како легитимно научно поле. На тој начин, трудот нуди систематизиран преглед на процесот на консолидација на семејните студии како засебна дисциплина, оценувајќи ја нивната научна релевантност и потенцијалот за понатамошен развој.
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2025 Ирена Авировиќ Бундалевска

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.