ХЕРОИ НА ПИЕДЕСТАЛИ И „ХЕРОИНИ НА НАШЕТО ВРЕМЕ“ ВО ПАРКОТ „ЖЕНА БОРЕЦ“. КОНФЛИКТНИ ФОРМИ НА КОМЕМОРАЦИЈА И ВИДЛИВОСТ ВО СКОПЈЕ

Authors

  • Софија Григоријаду Panteion University image/svg+xml Author

DOI:

https://doi.org/10.37620/EAZ2121156g

Keywords:

Скопје 2014, јавен простор, споменици, активизам, феминизам, парк „Жена борец“, сликање, уметност, сеќавања

Abstract

Во текот на последната декада проектот за урбана преродба Скопје 2014 наметна значителни промени во центарот на градот и значително го реконструира културното наследство. Овој проект го утврди, односно го зајакна родовиот концепт на националниот идентитет според кој од жените се бара да обезбедат размножување на нацијата и да бидат мајки на нацијата. Овој текст се фокусира на преговарањето помеѓу официјалното и неофицијалното наследство, сеќавањето и видливоста во последните десет години во Скопје. Текстот ги следи женските и ЛГБТКИА-активисти додека се здружуваат во спротивставувањето на официјалните, алтернативните или субверзивните артефакти на наследството, како и на јавните простори на кои им се припишува неинклузивно значење. За да го направи тоа, текстот ги носи читателите низ јавните простори на Скопје, почнувајќи од северниот брег на Вардар и понатаму до паркот „Жена борец“, во кој, и покрај името што го носи, во моментов има скулптури што ги слават главно машките херои. Во продолжение, текстот ги носи читателите во една посебна дневна соба украсена со портрети на современи хероини. Токму тука и со одредени дополнувања од авторитарното монументално сликарство, текстот ја препознава моќта на сликањето да воодушеви, да обележи и да прослави и во исто време ни открива дека галериското сликарство може да ги протне своите нишки во јавниот простор. Текстот на крајот се враќа во паркот во придружба на двоен портрет со цел да ги истражи практиките на уметниците и активистите во однос на социјалистичките споменици. На крајот се придружува на првата Парада на гордоста во Скопје, која ја следат погледите на мажествените скулптури во паркот.

References

Published

2021-12-24

Issue

Section

Статии/Articles

How to Cite

ХЕРОИ НА ПИЕДЕСТАЛИ И „ХЕРОИНИ НА НАШЕТО ВРЕМЕ“ ВО ПАРКОТ „ЖЕНА БОРЕЦ“. КОНФЛИКТНИ ФОРМИ НА КОМЕМОРАЦИЈА И ВИДЛИВОСТ ВО СКОПЈЕ. (2021). EthnoAnthropoZoom, 21(21). https://doi.org/10.37620/EAZ2121156g

Similar Articles

1-10 of 34

You may also start an advanced similarity search for this article.

Most read articles by the same author(s)