ПАТЕКИТЕ И КРСТОСНИЦИТЕ НА СОЦИЈАЛНАТА ПЕДАГОГИЈА: ИСТОРИСКИ РАЗВОЈ И СОВРЕМЕНИ ПРИСТАПИ

  • Сузана Миовска - Спасева Институт за педагогија Филозофски факултет - Скопје

Abstract

Во трудот се прави историски осврт на развојот на социјалната педагогија од нејзините почетоци, до денес. При анализата се идентификуваат неколку клучни етапи кои се однесуваат на доминантното
толкување и разбирање на социјалната педагогија во дадениот историски миг.
Се поаѓа од концептот на воспитување за заедницата, во рамките
на кој се елаборираат теориските пристапи на неколку германски
филозофи и педагози кои го обележале развојот на социјалната
педагогија во 19 век. Потоа, социјалната педагогија се разгледува
како теорија и пракса на вонсемејното и вонучилишното воспитување,
во светлината на односот со социјалната работа. Третиот, современ
пристап, се однесува на холистичкото толкување на социјалната
педагогија како единство на воспитувањето и заштитата, како и на
професионалниот идентитет на профилот социјален педагог.
Во завршниот дел од трудот се прави кус осврт на развојот на
социјалната педагогија во Македонија и на придонесот на проф.
Лакинска во нејзиното конституирање и развивање како академска
дисциплина и поле на научно истражување.

Downloads

Download data is not yet available.
Published
2022-08-01
How to Cite
Миовска - Спасева, С. (2022). ПАТЕКИТЕ И КРСТОСНИЦИТЕ НА СОЦИЈАЛНАТА ПЕДАГОГИЈА: ИСТОРИСКИ РАЗВОЈ И СОВРЕМЕНИ ПРИСТАПИ. Ревија за социјална политика/Journal of Social Policy, 4(7), 15-30. Retrieved from https://journals.ukim.mk/index.php/socpol/article/view/2163