Образовната сиромаштија како социјалнополитичко и педагошко прашање

  • Моника Шукала Католички Универзитет за применети науки Падерборн, Германија

Abstract

Трудот прави анализа на релацијата меѓу социјалното потекло, образованието и сиромаштијата. Притоа, авторот дава дефинициски преглед на образовната сиромаштија и нејзините причини, го обработува
прашањето за различните значења кои ги имаат дикусиите за сиро­маштијата и образованието во однос на социо-политичките и педагошки мерки, и истакнува кои неопходни реформи се потребни во
Германија. Во анализата трудот прави осврт и на состојбите во различните социјални држави во Европа. Авторот истакнува дека тесната поврзаност меѓу ниските квалификации, пониското образовно
ниво и невработеноста може да придонесат за една перманентна
кариера на сиромаштијата. Во тој контекст, авторот смета дека е неопходно проширување на образовната инфраструктура како на предучилишното, така и на училишното образовно подрачје, кое преку задачите на социјалната работа и социјална педагогија не треба да се
фокусира само на оние без, или со низок степен на образование, или
на припадниците на ниските социјални слоеви. Во тој контекст, социјалната педагогија и социјалната работа не треба да се разберат
само како надополнување на политичко-општествените текови, туку
тие треба да претставуваат нивен критички коректив.

Downloads

Download data is not yet available.
Published
2022-08-01
How to Cite
Шукала, М. (2022). Образовната сиромаштија како социјалнополитичко и педагошко прашање. Ревија за социјална политика/Journal of Social Policy, 4(7), 65-74. Retrieved from https://journals.ukim.mk/index.php/socpol/article/view/2167