Програмски активности на HELP AGE INTERNATIONAL во Република Македонија
Abstract
Програмските активности на
меѓународнaта организациja Help
Age International (ХАИ) од Англија во
Македонија, во голема мера се поврзани со проф. Дивна Лакинска, односно преку активното учество на
Националниот Центар за континуирано образование за социјален развој и Универзитетот Трето доба, како
организации кои беа формирани од
проф. д-р Лакинска. Освен директен
соработник на ХАИ од Лондон, професор Лакинска беше и советник на
вработените во регионалната канцеларија на ХАИ во Љубљана, Словенија. Таа беше и инцијатор за организирање на македонската мрежа
на невладини организации за стари
лица, на чии средби несебично ги
пренесуваше искуствата кои ХАИ ги
споделуваше на меѓународните конференции. Повеќегодишната програма, насловена: Оспособување на
немоќните стари лица да се борат
против дискриминацијата во Југоисточна Европа, беше насочена кон
актуелизирање на прашањето за исклученоста и дискриминацијата на
старите лица, како низ целиот регион
на Југоисточна Европа, така и во Македонија.
Downloads
The journal allows the author(s) to hold the copyright without restrictions.
The journal allows the author(s) to retain publishing rights without restrictions.