ОСЕТЛИВОСТ НА ПОТКРЕПУВАЊЕ КАЈ РЕЦИДИВИСТИ И НАСИЛНИ ПРЕСТАПНИЦИ

Автори

  • Зоран КИТКАЊ Faculty of Philosophy, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje, Skopje, Macedonia
  • Катерина Наумова Филозофски факултет, УКИМ, Скопје

ДОИ:

https://doi.org/10.2478/

Клучни зборови:

теорија на осетливоста на поткрепување, насилни престапници, рецидивизам, ресоцијализација

Апстракт

Вовед: Поврзаноста меѓу особините на личноста и криминалното однесување е опсежно проучувана тема во голем број теориски и емпириски студии во рамки на различни научни дисциплини. Теоријата на осетливост на поткрепување е невро-психолошки модел што во изминатиот период предизвикува зголемен истражувачки интерес, иако истражувањата главно се фокусираат на особеностите во однос на кои се разликуваат сторителите на криминални дела од лица без историја на криминално однесување. Ценејќи ги предвид оскудните емпириски наоди за малолетни престапници, целта на ова истражување е да ги испита дали аспектите на осетливоста на поткрепување можат да ги диференцираат рецидивистите од примарните сторители на кривични дела, како и насилните од ненасилните престапници.

Метод: Испитаниците се затвореници во три кривично-поправни установи во Р. Македонија (N = 162). За процена на профилот на личноста применет е прашалникот за процена на личноста според теоријата на осетливост на поткрепување (RST-PQ).

Резултати: При споредувањето на одделните аспекти на осетливоста на поткрепување е утврдено дека две димензии на осетливоста на награди имаат умерена дискриминативна вредност. Рецидивистите се значајно поимпулсивни од примарните сторители, додека кај насилните престапници значајно помалку е истакната истрајноста за награди отколку кај ненасилните сторители.

Заклучок: Наодите откриваат многу повеќе сличности отколку разлики во особините на личноста кај споредуваните групи престапници, што упатува на потреба од дополнително проучување на ефектите од искуствата поврзани со животот во затвор, како фактори кои потенцијално посилно го определуваат функционирањето на престапниците од примарните лични предиспозиции.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2018-09-30

Како да се цитира

ОСЕТЛИВОСТ НА ПОТКРЕПУВАЊЕ КАЈ РЕЦИДИВИСТИ И НАСИЛНИ ПРЕСТАПНИЦИ. (2018). Дефектолошка теорија и практика, 19(3-4), 69-84. https://doi.org/10.2478/

Слични трудови

1-10 од 24

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.

Најчитани трудови од истиот автор(и)