КРИМИНАЛИТЕТ КАЈ МАЛОЛЕТНИТЕ ЛИЦА СО ИНТЕЛЕКТУАЛЕН ДЕФИЦИТ

Автори

  • Зоран КИТКАЊ Faculty of Philosophy, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje

ДОИ:

https://doi.org/10.2478/

Клучни зборови:

малолетни престапници, потпросечни, рецедивизам, санкции, кривични дела, социјално-пенолошки појави

Апстракт

Целта на овој труд  е да се прикаже учеството и структурата на рецидивизмот кај малолетните лица со интелектуален дефицит во вкупната маса на малолетничкиот криминалитет во Македонија од пенолошки аспект. Во истражувањето се опфатени 62 испитаника кои се на издржување на казна малолетнички затвор или заводска мерка упатување во воспитно-поправен дом. Од вкупниот број на малолетници кои се на издржување на една од горе споменатите санкции, малолетните лица со потпросечен IQ застапени се со 56,4%. Прикажаното учество е во пенолошка смисла (се однесува на малолетниците кои се на издржување заводска мерка ВПД или казна малолетнички затвор) што не значи дека оваа категорија на малолетни престапници со толкав процент учествуваат во вкупниот број на пријавени, обвинети и осудени малoлетни лица. Според резултатите од истражувањето може да се констатира дека заостанувањето во интелектуалниот развој е индикатор за делинквентно однесување, но во ниеден случај не може да биде пресуден или најзначаен криминоген фактор. Од вкупниот број на малолетни престапници со интелектуален дефицит 80% се повторници во кривично-правна смисла. Загрижува фактот што 56% од потпросечните малолетни престапници за првпат во судир со законот дошле до 14-та година од животот, односно како категорија на деца.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2009-03-31

Како да се цитира

КРИМИНАЛИТЕТ КАЈ МАЛОЛЕТНИТЕ ЛИЦА СО ИНТЕЛЕКТУАЛЕН ДЕФИЦИТ. (2009). Дефектолошка теорија и практика, 10(1-2), 73-83. https://doi.org/10.2478/

Слични трудови

1-10 од 40

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.

Најчитани трудови од истиот автор(и)