РИЗИК-ФАКТОРИ НА НАСИЛНО ОДНЕСУВАЊЕ ПОМЕЃУ УЧЕНИЦИТЕ ОД ОСНОВНОТО И СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ
ДОИ:
https://doi.org/10.2478/Клучни зборови:
насилно однесување, ризик-фактори, показателиАпстракт
Основната цел на ова истражување беше да се одредат ризик-факторите кои може да послужат како прецизни индикатори на насилно однесување кај учениците од основното и средното образование. Истражувањето беше спроведено врз примерок од 1209 ученици, помеѓу тринаесет и седумнаесетгодишна возраст, во пет региони во составот на Федерацијата на Босна и Херцеговина. Оценувањето на ризик-факторите беше извршено со помош на СОРНМ (структурирано оценување на ризикот од насилство кај младите), алатка користена за мерење на нивоата на ризик-факторите, по што, собраните податоци беа обработени преку регресивна анализа со помош на SPSS 12.0, пакетот за статистичка обработка на податоците. Резултатите покажаа дека појавата на насилно однесување, академските достигнувања, неспособноста за концентрација, алкохолизмот, историјата на домашното насилство, како и родителската разделба, се главните показатели за насилно однесување кај гореспоменатите ученици.
Овие резултати формираат цврста основа за идно планирање на третмани и активности со цел да се спречи такво однесување.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2012 Ранко Ковачевиќ

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
