ДИНАМИКАТА НА КОМПЛЕКСНИТЕ ФОРМИ НА ВИЗУЕЛНАТА ПЕРЦЕПЦИЈА КАЈ ДЕЦА ОД ПРЕДУЧИЛИШНА ВОЗРАСТ (НЕВРОПСИХОЛОШКА АНАЛИЗА)

Автори

  • Нели ВАСИЛЕВА Sofia University "Ss. Kliment Ohridski" Sofia, Bulgaria

Клучни зборови:

визуелно спознавање во комплексна средина, тест Poppelreuter-Ghent, сегрегација заснована на слики, дорзален и вентрален визуелен проток, предучилишна возраст, развојна дислексија

Апстракт

Вовед: Експерименталните податоци за децата од предучилишна возраст сведочат за определувачката улога на аудитивните и визуелните процеси за подоцнежните вештини за читање, па затоа истражувањето на комплексните форми на визуелната перцепција на оваа возраст е дијагностички важно.
Цели: Основна цел на ова истражување е проценка на сензитивниот период за не-вербалните перцептивни операции кај децата од предучилишна возраст и одредување субгрупа со ниски резултати за невербална перцепција.
Методологија: Динамиката на визуелната перцепција (визуелно спознавање) кај децата со типичен развој беше тестирана со адаптирана верзија на тестот Poppelreuter-Ghent Test за сегрегација заснована на слики. Вкупниот број на предмети што се прек-лопуваат е 33, групирани според нивото на тежината. Децата добиваат од секоја група предмети одделно во последователни секвенции и треба да го издвојат и именуваат предметот.
Резултати: Во истражувањето учествуваа 365 деца со типичен развој без нарушување на видот и без коригиран визус. Сите деца, на возраст од 4, 5 и 6 години од три различни средини посетуваа државни гранки, а мајчин јазик им е бугарскиот. Беше нап-равена дисперзивна анализа со шематски приказ за да се одреди статистичката значајност на независните фактори возраст, пол и опкружување. Податоците од истражувањето покажуваат дека 5-годишната возраст е сензитивна за комплексните форми на визуелната перцепција, споредно со 4-годишната (p<0.000009) и шестгодишната возраст (p<0.001650). Влијанието на демо-графскиот фактор е прикажано со значајно подобри резултати кај децата од голем град споредено со главниот град (p<0.000926) и со мал град (p<0.000700). Влијанието на полот како фактор се должи на подоброто функционирање на девојчињата во невербалните перцептивни операции (F = 1,346, p<0.019). Според дополнителните анализи, 25% од шестгодишните деца покажуваат низок степен за комплексни форми на невербално визуелно сознава-ње што може да се смета како ризик за развој на дислексија.
Заклучок: На возраст од 4 до 6 години се одвива процес на динамична матурација на структурите на вентралниот визуелен систем на десната хемисфера којшто доведува до значително подобрување на способнос-тите за разликување предмети од визуел-ната пренатрупаност. Тестот Poppelreuter’s test овозможува објективна проценка на состојбата на способностите за невербалната перцепција кај децата од предучилишна возраст и може да се искористат за дијагностицирање на предзнаците за дислексија.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2015-09-30

Како да се цитира

ДИНАМИКАТА НА КОМПЛЕКСНИТЕ ФОРМИ НА ВИЗУЕЛНАТА ПЕРЦЕПЦИЈА КАЈ ДЕЦА ОД ПРЕДУЧИЛИШНА ВОЗРАСТ (НЕВРОПСИХОЛОШКА АНАЛИЗА). (2015). Дефектолошка теорија и практика, 16(3-4), 52-70. https://journals.ukim.mk/index.php/jser/article/view/5067

Слични трудови

1-10 од 33

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.