IV МЕЃУНАРОДЕН КОНГРЕС НА СТУДЕНТИТЕ ОД ЕДУКАЦИСКА РЕХАБИЛИТАЦИЈА, ЗАГРЕБ, 11 - 13 МАЈ 2012 ГОДИНА

Автори

  • Наташа СТАНОЈКОВСКА-ТРАЈКОВСКА Faculty of Philosophy, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje

ДОИ:

https://doi.org/10.2478/

Апстракт

На покана од Едукациско-ре­ха­би­ли­та­цис­ки­от факултет од Загреб, Република Хрватска, од 11 до 13 мај 2012 година, 13 студенти од пр­­виот и вториот циклус на студии на Инс­ти­тутот за де­фектологија учествуваа на Че­твр­тиот ме­ѓу­народен студентски конгрес на сту­дентите од едукациска рехабилитација под назив „Ед­накви во различноста“ кој се одр­жа на кам­пусот Боронгај во Загреб. Кон­гре­сот го ор­га­низираа Едукациско-ре­ха­би­ли­та­цискиот фа­култет од Универзитетот во Загреб и сту­дент­ите од прва година на овој факултет. По­крај студентите од Хрватска учествуваа и сту­денти од Македонија, Србија, Словенија и Босна и Херцеговина. Во текот на април и мај 65 студенти работеа под менторство на нив­ните наставници и соработници на из­гот­ву­ва­ње на 46 излагања презентирани пред нив­ните колеги.
На отварањето поздравен говор одржаа де­ка­нот на Едукациско-рехабилитацискиот фа­кул­тет од Загреб, проф. д-р Љиљана Мик­шај-То­доровиќ, доц. д-р Анте Билиќ-Прциќ, прет­ставник од Канцеларијата на гра­до­на­чал­никот, претставник од Канцеларијата на дет­скиот правобранител, асс. м-р Наташа Ста­нојковска-Трајковска како претставник на Институт за дефектологија од Скопје, прет­ставник на студентите од Србија, како и проф. д-р Зрињка Станчиќ, претседателот на Здру­жението на некогашните студенти на ед­укациска рехабилитација. Сите тие укажаа на важноста на ваквите средби за размена на ис­куствата на студентите на полето на тео­ри­ја­та и практиката од областа на еду­ка­ци­ја­та и рехабилитацијата на лицата со ин­ва­лид­ност, на важноста за развивање на ко­му­ни­ка­цис­ките вештини и персонални ка­рак­те­рис­ти­ки на студентите, како и другарувањето по­меѓу младите луѓе со бројни културни и обич­ајни разлики.

Во пленарниот дел студентите проследија че­ти­ри интересни и корисни предавања од про­фесори од Едукациско-ре­ха­би­ли­та­цис­ки­от факултет во Загреб.
Организаторот понуди четири теми за ра­бо­та на студентите:

  1. Инклузивна едукација и ре­ха­би­ли­та­ци­ја која ги опфаќа: потешкотиите во уче­њето, интелектуалните оштетувања, на­ру­шувањата од аутистичен спектар, пра­вата на човекот и етичките прашања, служ­бите на поддршка во заедницата, ди­јагностиката и процената, раната ин­тер­венција, професионалната ре­ха­би­ли­та­ција и вработување, са­мо­вра­бо­ту­ва­ње­то, квалитетот на животот, транзицијата и стареењето, системот на поддршка на сту­дентите со инвалидност, менаџментот во подобрување на правата на лицата со ин­валидност.
  2. Оштетување на видот која ги опфаќа: про­цената и програмите, инклузивната еду­кација и рехабилитација на лицата со ош­тетен вид, раната интервенција и уло­га­та на родителите во рехабилитацијата на лицата со оштетен вид, новите дос­тиг­ну­ва­ња во развојот на рехабилитацијата на лицата со оштетен вид, асистивната и ре­хабилитациската технологија.
  3. Моторни нарушувања, хронични за­бо­лу­ва­ња и арт-терапија која ги опфаќа: ра­ната развојна рехабилитација, епи­де­ми­ологијата, филозофијата на об­ра­зо­ва­ние­то, психосоцијалната онкологија, креа­­тивната терапија, арт/експресивните пс­и­хотерапии и комплементарните пот­пор­­ни терапии, интердисциплинарноста и рехабилитациската медицина, асис­тив­на­та и рехабилитациската технологија.
  4. Останати теми

Студентите имаа можност за усни из­ла­га­ња, постер-презентации и учество без из­ла­гање. Сите студенти од Институтот за дефектологија имаа усни излагања. На Кон­гресот учествуваа 6 студенти од пр­ви­от и 7 од вториот циклус, сите од на­со­ката Оштетување на слухот. Студентите ра­ботеа под менторство на проф. д-р Рис­то Петров, проф. д-р Зора Јачова и асс. м-р Наташа Станојковска-Трај­ков­ска, а во текот на трите работни дена во За­греб беа придружувани од асс. м-р На­та­ша Станојковска-Трајковска и асс. м-р Алек­сандра Каровска-Ристовска. Сту­ден­тите од Институт за дефектологија пре­зентираа вкупно осум излагања кои кај аудиториумот предизвикаа интерес и беа проследени со дискусија и бројни пра­шања.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2012-09-30

Како да се цитира

IV МЕЃУНАРОДЕН КОНГРЕС НА СТУДЕНТИТЕ ОД ЕДУКАЦИСКА РЕХАБИЛИТАЦИЈА, ЗАГРЕБ, 11 - 13 МАЈ 2012 ГОДИНА. (2012). Дефектолошка теорија и практика, 13(3-4), 117-119. https://doi.org/10.2478/