НАРУШУВАЊЕ НА ВНИМАНИЕТО И ХИПЕРАКТИВНОСТ КАЈ ДЕЦА СО АУТИСТИЧЕН СПЕКТАР НА НАРУШУВАЊА: КАРАКТЕРИСТИКИ И ПРИЧИНИ ЗА ВИТАМИНСКО-МИНЕРАЛНА ИНТЕРВЕНЦИЈА
ДОИ:
https://doi.org/10.2478/Клучни зборови:
Нарушување на внимание и хиперактивност, аутистичен спектар на нарушување, витаминско-минерална интервенцијаАпстракт
Вовед: Во овој труд се истражува значењето на растројство со нарушување на вниманието и хиперактивноста АДХД како нарушување кое се карактеризира со конзистентна шема на невнимание и хиперактивност и импулсивност која се манифестира во образовните, окупационите или социјалните средини и ситуации, и аутистичниот спектар на нарушување (АСН) кој се карактеризира како социјална дисфункција, нарушување во комуникацијата и рестриктивни/репетитивни однесувања. Пра- шањата кои се загрижувачки се, која е по- врзаноста помеѓу АДХД и АСН?: Кои се специфичните обележја на двете нарушувања? Кои се причините за витаминско-минерална терапија како метод за намалување на одредени специфични карактеристики на нарушувањето?
Метод: Во овој труд се истражуваат овие прашања со прегледување на достапните истражувања за проблемите, зголемената преваленција и специфичните карактеристики како на АДХД така и на АСН, од кои специфичните карактеристики (особини) мора да исполнуваат околу шест или повеќе критериуми кои се базирани на прирачникот за дијагноза и статистика на ментални нарушува- ња (DSM – V). Исто така ги истражува можните причини поради кои децата со АДХД и АСН имаат поголема потреба на витамини и минерали за разлика од нивнитеврсници.
Резултати: Достапните докази укажуваат дека и покрај нискиот квалитет на живот, општите ограничувања и зголемениот интерес на експертите за справување со АДХД и АСН, прегледот на истражувањата дава издржани причини поради кои децата со АДХД имаат поголема потреба од витамини и минерали за разлика од нивните невроти- пични врсници, кои можеби се поврзани со неколку теории и алергии на одредени типови на храна или лоши навики наисхрана.
Предлози и Заклучок: Авторот заклучува дека импликациите за подобри резултати во образовниот процес поради витаминско-ми- нералната интервенција се претпоставува дека ја подобруваат состојбата на АДХД со таа цел, кога се дава соодветната интервен- ција, таа помага да се реактивираат клетките и ткивата, со што се подобрува работата на мозочните клетки и се подобрува процесот на учење, со што навиките на исхрана кај детето се подобрени, а со тоа добива бенефиции во образовниотпроцес.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2018 Руфус Оланревају Адебиси

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
