СИМПОЗИУМ НА ТЕМА: „РАСТРОЈСТВА ОД АУТИСТИЧНИОТ СПЕКТАР – ДИЈАГНОСТИКА, РАНА ИНТЕРВЕНЦИЈА И ПРЕВЕНЦИЈА“

Автори

  • Ангела ЧИНГОСКА Faculty of Philosophy, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje

ДОИ:

https://doi.org/10.2478/

Апстракт

За прв пат оваа година на 13 aприл 2011 го­ди­на, во амфитеатарот на Медицинскиот фа­кул­тет, во организација на Универзитетската кли­ника за психијатрија во Скопје, во со­ра­бот­ка со Здружението на психијатри на Ре­пуб­лика Македонија, Македонското научно здру­жение за аутизам – МНЗА и Ме­ди­цин­ски­от факултет во Скопје, беше одржан сим­по­зиум на тема „Растројства од ау­тис­тич­ни­от спектар – дијагностика, рана ин­тер­вен­ци­ја и превенција“ кој се надоврзува на од­бе­ле­жу­вањето ­на Светскиот ден на аутизмот.

Симпозиумот беше отворен од страна на проф. д-р Марија Ралева која ги поздрави при­сутните и даде краток осврт за рас­трој­ства­та од аутистичен спектар, што воедно бе­ше и повод за организирањето на Сим­по­зиу­мот. Покрај тоа проф. д-р Ралева на при­сут­ните им го презентираше својот труд со нас­лов „Растројства од аутистичниот спек­тар – дијагностички можности“, по што сле­деше пре­зентациjaта од страна на д-р Кам­ка Па­кет­чие­ва под наслов „Растројства од аутистичен спек­тар наспроти рани детски пси­хози“. Свој труд со наслов „Иден­ти­фи­ка­ци­ја, дијагностика и рани интервенции кај ау­тизмот во Р. Ма­ке­до­ни­ја“ изнесе и прим. д-р Мери Бошковска. Осо­бен придонес за збо­гатување на знаењата за  аутизмот  даде  и  рефератот  на  проф.  д-р Владимир Трајковски под наслов „Пре­венција на аутизмот“, по што следеше ви­део презентација на „Интервју за дијаг­нос­тика на аутизмот“ – ADI-R. На крај овој сим­позиум заврши со дискусија на која и ау­ди­ториумот го даде своето мислење, пос­та­ву­вајќи прашања и искажувајќи бла­го­дар­ност за поканата и новостекнатите знаења за раз­војните растројства кои беа изнесени на сим­позиумот. Симпозиумот беше сертифициран од страна на Лекарската комора на Република Ма­ке­до­ни­ја, така што присутните доктори, про­фе­со­ри, магистри, дефектолози и другите струч­ни лица, имаа чест да добијат сертификат за при­суство на овој симпозиум, кој придонесе за збогатување на нивните знаења и ис­кус­тва.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2011-09-30

Како да се цитира

СИМПОЗИУМ НА ТЕМА: „РАСТРОЈСТВА ОД АУТИСТИЧНИОТ СПЕКТАР – ДИЈАГНОСТИКА, РАНА ИНТЕРВЕНЦИЈА И ПРЕВЕНЦИЈА“. (2011). Дефектолошка теорија и практика, 12(3-4), 111-112. https://doi.org/10.2478/