СИМПОЗИУМ НА ТЕМА: „РАСТРОЈСТВА ОД АУТИСТИЧНИОТ СПЕКТАР – ДИЈАГНОСТИКА, РАНА ИНТЕРВЕНЦИЈА И ПРЕВЕНЦИЈА“
ДОИ:
https://doi.org/10.2478/Апстракт
За прв пат оваа година на 13 aприл 2011 година, во амфитеатарот на Медицинскиот факултет, во организација на Универзитетската клиника за психијатрија во Скопје, во соработка со Здружението на психијатри на Република Македонија, Македонското научно здружение за аутизам – МНЗА и Медицинскиот факултет во Скопје, беше одржан симпозиум на тема „Растројства од аутистичниот спектар – дијагностика, рана интервенција и превенција“ кој се надоврзува на одбележувањето на Светскиот ден на аутизмот.
Симпозиумот беше отворен од страна на проф. д-р Марија Ралева која ги поздрави присутните и даде краток осврт за растројствата од аутистичен спектар, што воедно беше и повод за организирањето на Симпозиумот. Покрај тоа проф. д-р Ралева на присутните им го презентираше својот труд со наслов „Растројства од аутистичниот спектар – дијагностички можности“, по што следеше презентациjaта од страна на д-р Камка Пакетчиева под наслов „Растројства од аутистичен спектар наспроти рани детски психози“. Свој труд со наслов „Идентификација, дијагностика и рани интервенции кај аутизмот во Р. Македонија“ изнесе и прим. д-р Мери Бошковска. Особен придонес за збогатување на знаењата за аутизмот даде и рефератот на проф. д-р Владимир Трајковски под наслов „Превенција на аутизмот“, по што следеше видео презентација на „Интервју за дијагностика на аутизмот“ – ADI-R. На крај овој симпозиум заврши со дискусија на која и аудиториумот го даде своето мислење, поставувајќи прашања и искажувајќи благодарност за поканата и новостекнатите знаења за развојните растројства кои беа изнесени на симпозиумот. Симпозиумот беше сертифициран од страна на Лекарската комора на Република Македонија, така што присутните доктори, професори, магистри, дефектолози и другите стручни лица, имаа чест да добијат сертификат за присуство на овој симпозиум, кој придонесе за збогатување на нивните знаења и искуства.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2011 Ангела Чингоска

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
