ОДНОСОТ ПОМЕЃУ НАСИЛСТВОТО ВО УЧИЛИШТЕТО И ВИКТИМИЗАЦИЈАТА НА ДЕЦАТА СО ДЕФИЦИТ НА ВНИМАНИЕ / ХИПЕРАКТИВНОСТ (ADHD)
Клучни зборови:
АДХД, деца, насилство на училиште, жртвиАпстракт
Симптомите на АДХД ги изложуваат децата кои страдаат од ова нарушување на поголем ризик да бидат жртва на насилство, како и да се однесуваат агресивно кон врсниците.
Цели: Оваа студија е спроведена со цел да се идентификува фреквенцијата на специфични форми на виктимизација и насилство кај децата со АДХД како и да се утврди дали постои врска меѓу виктимизацијата и насилството и помеѓу различните форми на насилство кај децата со АДХД.
Методи: Насилството е тестирано на примерок од 72 деца од прво до осмо одделение со АДХД-дијагноза со помош на Прашалникот за насилство на училиште (UŠN-2003) составен во согласност со Прашалникот за насилник/жртва на Olweus.
Резултати: Резултатите покажуваат статистички значајна корелација помеѓу тоа да се биде жртва и сторител на насилство. Студијата исто така покажува статистички значајна корелација помеѓу специфичните форми на насилство.
Заклучок: Резултатите од оваа студија даваат насоки за понатамошни студии и програми / интервенција во врска со превенцијата на насилството која вклучува деца со АДХД.
Превземања
Референци
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2016 Анамарија Жиц Ралиќ

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
