РАНА ИНТЕРВЕНЦИЈА - ПРЕВЕНТИВА И ПРЕДИЗВИЦИ ВО РАНОТО ДЕТСТВО

Автори

  • Христина МИТРЕВА Faculty of Philosophy, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje

ДОИ:

https://doi.org/10.2478/

Апстракт

На 29. 08. 2011 на Филозофскиот факултет се одржа успешен семинар на тема „Ра­на интервенција – превентива и пре­диз­ви­ци во раното детство, тема која денес при­вле­кува голем интерес со цел да се постигне по­добар квалитет во животот на едно се­меј­ство. Овој семинар беше проследен со огромно задоволство и вни­мание од голем број ли­ца кои директно или индиректно се ин­вол­ви­ра­ни во раната интервенција. Свои из­ло­жу­ва­ња презентираа врвни и искусни професионалци од Австрија, Гер­ма­ни­ја и Македонија, создавајќи простор за от­во­рена дискусија и дијалог преку кои се пре­не­соа искуства и мислења за по­доб­ру­ва­ње на оваа проблематика во нашата земја.
Вовед во семинарот даде проф. д-р Лена Да­мо­вска која е редовен професор на Ин­сти­ту­тот за педагогија. Веднаш по неа проф. д-р Ман­фред Претис се заблагодари на при­сут­ни­те и го потенцира своето задоволство за реа­лизацијата на овој стручен собир и ажур­нос­та на присутните кон оваа тема. На кра­јот од воведниот дел проф. д-р Владимир Трај­ковски, кој беше воедно и главниот ор­га­ни­затор, ги поздрави присутните и им се за­бла­го­дари на сите предавачи за нивната бес­пре­корна мотивација и желба во не­се­бич­но­то ширење на своите знаења кон научниот ау­ди­ториум. Првото предавање беше реализирано од проф. д-р Манфред Претис кој работи како про­фесор по трансдисциплинарна рана дет­ска интервенција на Медицинскиот факултет во Хамбург, Германија. Неговото излагање бе­ше со наслов „Семејствата пред се: заед­нич­ка соработка со родителите“ преку која се потенцира круцијалната потреба од вклу­ченоста на родителите во развојот на своето дете.  Оваа ангажираност доведува до креи­рање на средина која ќе претставува „про­зорец на можности“, поле каде ќе до­ми­ни­ра­ат практичните стимулации како нај­ва­жен елемент во раната интервенција. Се ста­ви акцент и на потребата од формирање на до­верителна комуникација и интеракција по­ме­ѓу родителите и професионалниот тим, со цел да се создаде партнерство на соработка кое доведува до позитивни резултати. Од свое­то искуство тој пренесе дека во добро раз­виените земји постојат мноштво раз­лич­ни програми за рана интервенција, а со тоа родителите имаат и приложени опции да из­берат која е најсоодветна, додека ова во Ма­ке­донија за жал сè уште претставува само нео­стварена потреба.    
Понатаму свое излагање имаше проф. д-р Зонс Армин кој е професор по специјална еду­кација на Универзитетот за применети нау­ки во Хортхаузен. Своите излагања ги пре­несе низ темата „Легални основи на рана дет­ска интервенција: Каква соработка ни е потребна“. Тој даде еден опис на законите во Германија и некои исходи кои биле до­бие­ни од истражувањето на Кигс. Исто така даде и информации за Законот за из­вр­шу­ва­ње на рехабилитацијата како и за центрите кои се одговорни за имплементирање на про­цесот за рана интервенција. Тој истакна дека постојат центри за рана помош кои се во центарот на интересот на семејството со цел подобро согледување и работење со де­те­то, со вклучен интердисциплинарен тим и нај­често се педагошки фокусирани. 
На крајот од првиот дел од семинарот своето из­лагање го имаше проф.  Хартунг Анет која работи како професор по рана детска ин­тервенција. Таа зборуваше на тема „Семеен фокус во практиката во која пре­зен­ти­ра реални практични примери од се­кој­днев­ниот живот со која таа се сретнала во сво­јата работа во текот на аплицирањето на ра­ната интервенција. Таа потенцира дека се­меј­ството како  единка секогаш треба да се гле­да како една целина каде што ќе постои по­големо стимулирање за користење на раз­лич­ни услуги кои ќе бидат најсоодветни за по­добро нивно функционирање. 
Во вториот дел од овој научен собир прва пре­зентираше проф. д-р Лена Дамовска на тема „Колку се инклузивни ЕЦИ-услугите во Македонијa. Со оваа тема уште еднаш се по­сочи денешната потреба во Македонија од овие услуги кои сепак претставуваат важен до­мен во раната интервенција и превентива на децата во текот на училишната едукација. Ра­ната интервенција во нашата земја сè уште е на почетно, донекаде и незадоволително ниво, бидејќи родителите како обезбедувачи на примарната грижа не признаваат дека има­ат проблем, што доведува до соочување со посериозни тешкотии кога самата ин­тер­вен­ција се аплицира во подоцнежниот пе­ри­од на развој. Користејќи го своето искуство се потврдија ставовите на присутните дека им­плементацијата на инклузивните услуги во нашата земја се на ниво на „бебешки че­ко­ри“, потенцирајќи уште еднаш дека Р. Ма­ке­до­ни­ја има потреба од стручни лица-де­фектолози во полето на образованието. Овој де­фицит како и недоволната информираност на родителите од двете страни доведува до тоа да нашата земја има уште многу да ра­бо­ти за да се постигнат реални и за­до­во­ли­тел­ни резултати.
Понатаму свое излагање имаше д-р сци. Алек­сандра Димова која има спе­ци­ја­ли­зи­ра­но во раната превентивна интервенција кај ран­ли­вите деца во контекст на ментални на­ру­шу­вања кај родителите, а во моментов ра­бо­ти како психијатар во Австрија. Нејзиното из­ла­гање беше на тема „Нови целни групи во ЕЦИ: деца на ментално ранливи ро­ди­те­ли низ која нагласува дека децата кои жи­ве­ат со родител/и кои имаат одредено пси­хи­јат­риско нарушување се ризични и целни гру­пи за започнување на ран интервентен про­цес. Таа ја изнесе оваа загрижувачка со­стој­ба на која мора да се делува со цел да се соз­даде место и време за порана превентива. Се потенцира потребата од тим кој треба се­риоз­но да работи на оваа сè поризична група на млади лица нагласувајќи ја неопходноста од формирање и одржување на една здрава и но­рмална средина за развој. Се прикажаа реа­лните бариери со кои професионалците се соочуваат со оваа група родители, имајќи предвид дека  признавањето на потребата од по­мош тешко се реализира. Со цел  да се ре­ду­цираат овие пречки  треба посовремено да се делува за да се превенира.
На крајот својата презентација ја изнесе проф. д-р Владимир Трајковски кој е вон­ре­ден професор и доктор по медицина на Ин­ститутот за дефектологија во Скопје. Тој збо­руваше на тема „Рана детска ин­тер­вен­ци­ја на аутизмот“ и даде еден поинаков осврт во раната интервенција насочувајќи се кон децата со первазивното развојно рас­трој­ство аутизам кое, за жал, има сè по­го­ле­ма застапеност во Р. Македонија. Тој пре­зен­ти­раше за услугите на раната интервенција кои се значајни за лицата со аутистичниот спек­тар на нарушувања кои доведуваат до олес­нување на финансиските притисоци на се­мејствата, како и постигнување на некој по­доб­ар квалитет. Низ своето презентирање ги потенцира сеопфатните програми како TEACCH-програмата која има за цел да ја оп­фати комуникацијата, перцепцијата, ими­та­цијата, социјалните и моторните вештини. Потоа беше спомнат моделот на Денвер кој е раз­воен пристап базиран на игра, како и АБА-програмата која е сеопфатна и содржи про­цедури за идентификување на причините кои влијаат на однесувањето. Раната ин­тер­вен­ција е изведена од тим со константна  ро­ди­телска соработка, стратегии за решавање на проблемите во однесувањето и ин­тен­зив­на работа со детето.     
На крајот од овој семинар се остави простор за мали дискусии од страна на присутните, кои бараа мислења и примери за процесот на ра­на интервенција, како е во другите др­жа­ви или нивни сугестии како би можело не­кои работи да се подобрат во кое било про­фе­сионално поле кое се занимава со оваа про­блематика. Навистина овој стручен со­бир беше во интерес на многу лица кои за­зе­маа активни улоги стремејќи се кон пос­тиг­ну­ва­ње на резултати кои не би биле само вер­бална констатација, туку основа за прак­тич­на примена во својата работа. Уште ед­наш се докажа дека постои интерес за до­пол­ну­ва­ње на своето знаење и дури и сло­бо­дни­те празнични денови не претставуваа пречка за да се направи професионално на­дг­ра­ду­ва­ње.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2012-03-31

Како да се цитира

РАНА ИНТЕРВЕНЦИЈА - ПРЕВЕНТИВА И ПРЕДИЗВИЦИ ВО РАНОТО ДЕТСТВО. (2012). Дефектолошка теорија и практика, 13(1-2), 109-112. https://doi.org/10.2478/

Најчитани трудови од истиот автор(и)