ПРОЦЕНКА НА ЕГЗЕКУТИВНИТЕ ФУНКЦИИ ПРЕКУ ЕВОЦИРАНИ ПОТЕНЦИЈАЛИ КАЈ ДЕЦА СО ОПСЕСИВНО-КОМПУЛСИВНО РАСТРОЈСТВО
ДОИ:
https://doi.org/10.2478/Клучни зборови:
опсесивно-компулсивно растројство, егзекутивни функции, децаАпстракт
Вовед: Опсесивно-компулсивното растројство [ОКР] се карактеризира со повторувачки, вознемирувачки опсесии и/или компулсии. Опсесиите претставуваат наметливи и несакани мисли, слики или чувства кои предизвикуваат значајна анксиозност и нелагодност. Компулсиите се повторливи, ритуални поведенија кои се изведуваат за да се намали анксиозноста или нервозата која е предизвикана од повторувачките опсесии. Најчесто ОКР започнува во раната адолесценција или раните зрели години. Преваленцијата кај децата се движи од 1 до 3% и се чини дека е малку почеста кај момчињата отколку кај девојчињата. Најефикасен начин за третман на ОКР е комбинирањето на фармакотерапија со когнитивно-бихевиорална терапија. Во изминатите години се повеќе се зборува и истражува за улогата на егзекутивните функции [ЕФ] кај одредени психички растројства.
Цел на студијата: да се истражат ЕФ кај деца со ОКР преку ERPs на Go/NoGo задачи. Материјал и методи: во студијата беа вклучени 20 деца, од двата пола, на возраст 7−14 години [М=10,33±1,8], дијагностицирани за ОКР. Психометриската батерија на тестови беше составена од Child Behaviour Check List, Косови коцки за проценка на општите интелектуални капацитети, Beck Depression Inventory, The Schedule for Affective Disorders and Schizophrenia for School-Age Children, The Stroop Color Word Task и Wisconsin Card Sorting Test. Невропсихолошката проценка се изведуваше преку Visual Continuous Performance Test [VCPT] од кои се екстрахираат ERP компоненти.
Резултати: кај децата во нашата студија постои јасно присуство на опсесии и/или компулсии, отсуство на депресивни симптоми, присуство на персеверативни грешки и благи тешкотии во менталната флексибилност, а ERP компонентите укажуваат дека не се работи за нарушување на ЕФ во правата смисла на зборот, туку за нивно попречено нормално функционирање поради зголеменото ниво на анксиозност.
Заклучок: нема значајна клиничка манифестација на когнитивни потешкотии кај ова група на деца со ОКР во раната фаза на растројството. Но, за очекување е истите да се појават во подоцнежната фаза на растројството.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2011 Татјана Зорчец

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
