ОДНОСОТ ПОМЕЃУ НАСИЛСТВОТО ВО УЧИЛИШТЕТО И ВИКТИМИЗАЦИЈАТА НА ДЕЦАТА СО ДЕФИЦИТ НА ВНИМАНИЕ / ХИПЕРАКТИВНОСТ (ADHD)

Автори

  • Анамарија ЖИЦ РАЛИЌ University of Zagreb, Faculty of Education and Rehabilitation Sciences, Zagreb, Croatia
  • Даниела ЦВИТКОВИЌ Универзитет во Загреб, Факултет за едукациски и рехабилитациски науки, Загреб, Хрватска
  • Ена ШИФНЕР Основно училиште „Људевит Гај“, Запрешиќ, Хрватска

Клучни зборови:

АДХД, деца, насилство на училиште, жртви

Апстракт

Симптомите на АДХД ги изложуваат децата кои страдаат од ова нарушување на поголем ризик да бидат жртва на насилство, како и да се однесуваат агресивно кон врсниците.
Цели: Оваа студија е спроведена со цел да се идентификува фреквенцијата на специфични форми на виктимизација и насилство кај децата со АДХД како и да се утврди дали постои врска меѓу виктимизацијата и насилството и помеѓу различните форми на насилство кај децата со АДХД.
Методи: Насилството е тестирано на примерок од 72 деца од прво до осмо одделение со АДХД-дијагноза со помош на Прашалникот за насилство на училиште (UŠN-2003) составен во согласност со Прашалникот за насилник/жртва на Olweus.
Резултати: Резултатите покажуваат статистички значајна корелација помеѓу тоа да се биде жртва и сторител на насилство. Студијата исто така покажува статистички значајна корелација помеѓу специфичните форми на насилство.
Заклучок: Резултатите од оваа студија даваат насоки за понатамошни студии и програми / интервенција во врска со превенцијата на насилството која вклучува деца со АДХД.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Објавено

2016-09-30

Како да се цитира

ОДНОСОТ ПОМЕЃУ НАСИЛСТВОТО ВО УЧИЛИШТЕТО И ВИКТИМИЗАЦИЈАТА НА ДЕЦАТА СО ДЕФИЦИТ НА ВНИМАНИЕ / ХИПЕРАКТИВНОСТ (ADHD). (2016). Дефектолошка теорија и практика, 17(3-4), 105-121. https://journals.ukim.mk/index.php/jser/article/view/5048

Слични трудови

1-10 од 34

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.