РЕЦИДИВИЗМОТ ПО ТРЕТМАН ВО ДИСЦИПЛИНСКИ ЦЕНТАР ЗА МАЛОЛЕТНИЦИ

Автори

  • Ранко КОВАЧЕВИЌ Faculty of Special Education and Rehabilitation, University of Tuzla, Bosnia and Herzegovina
  • Самир СУЉАГИЌ КЈУ Дисциплински центар за малолетници, Сараево, Босна и Херцеговина
  • Џенита ЉУЦА КЈУ Дисциплински центар за малолетници, Сараево, Босна и Херцеговина
  • Един МУФИЌ Факултет за специјална едукација и рехабилитација, Универзитет во Тузла, Босна и Херцеговина

Клучни зборови:

рецидивизам, образовни мерки, фактори за реакција

Апстракт

Целта на овој труд е да се истражат разликите во карактеристиките при рецидивизам и нерецидивизам во психосоцијалното функционирање по третман во Дисциплинскиот центар за малолетници во Кантон Сараево, Федерација на Босна и Херцеговина. Истражувањето беше спроведено на примерок од 131 малолетен деликвент, на кои им е изречена образовна мерка испраќање во малолетнички дисциплински центар. Со програмскиот пакет  SPSS 17.0 беше извршена статистичка анализа. Разликите меѓу рецидивистите и нерецидивистите беа измерени со тестот на Ман-Витни по сите варијабли. Во група од четири варијабли беа споредени: (а) училишните фактори, (б) семејните фактори, (в) активностите во слободното време и односите со врсниците и (г) личноста и однесувањето на малолетниците. Резултатите покажаа дека во сите четири подрачја на  психосоцијалното однесување, факторите на ризик се поизразени кај рецидивистите. Најголеми разлики се забележуваат во одрачјето поврзано со активностите во слободното време и односите со врсниците,  како и во семејното функционирање. Резултатите укажуваат дека треба да се примени поинтензивиран третман што ќе биде фокусиран на овие подрачја за да се спречи рецидивизмот.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2014-09-30

Како да се цитира

РЕЦИДИВИЗМОТ ПО ТРЕТМАН ВО ДИСЦИПЛИНСКИ ЦЕНТАР ЗА МАЛОЛЕТНИЦИ. (2014). Дефектолошка теорија и практика, 15(3-4), 43-58. https://journals.ukim.mk/index.php/jser/article/view/5089

Слични трудови

1-10 од 24

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.