ФАКТОРИ КОИ ВЛИЈААТ ВРЗ ИЗБОРОТ НА ПРОФЕСИЈА КАЈ ЛИЦАТА СО ХРОНИЧНА ПОВРЕДА НА РБЕТНИОТ СТОЛБ ВО РЕПУБЛИКА СЛОВЕНИЈА
Клучни зборови:
образование, професија, попреченост, повреда на ’рбетен столбАпстракт
Вовед: Во минатото голем дел од лицата со хронична повреда на ’рбетниот столб (ПРС) се повлекуваат од пазарот на трудот, но денес овие лица се доста активни на пазарот на трудот. Можностите кои ги нуди средината, расположливите ресурси и социјалниот контекст на живеење придонесуваат за зголемување на самосвесноста и кон различните можности за развој на кариерата на индивидуите со ПРС.
Цели: Целта на ова истражување е да се утврдат ефектите кои се добиваат од изборот на професија кај лицата со ПРС.
Методи: Истражувањето е поткрепено на дескриптивни и каузални не експериментални методи на емпириско педагошко истражување. Примерокот се состои од 127 испитаници со генетска и стекната ПРС на возраст од 19 до 70 години.
Резултати: Резултатите од истражувањето индицираат кон тоа дека опишаната професија е недостапна за скоро половина од испитаниците заради ПРС. Изборот на професијата е проследен со важен фактор, а тоа е дека лицата со ПРС успешно би ги постигнале академските вештини. Исто така, постојат фактори кои се поврзани со пристапноста и со приспособувањата на образовните институции и работните места. Од факторите на социјализација кои влијаат на изборот при запишување во образовна институција или при изборот на професија е прифаќањето на нивната попреченост, почитта за потребните приспособувања од страна на професорите, наставниците, соучениците или колегите, поддршката на нивните семејства, како и можноста за персонален асистент за да ги надминат архитектонските препреки.
Заклучок: Доколку сакаме да го зголемиме вработувањето на лицата со ПРС, потребно е да извршиме имплементација на прирачници или совети за кариерно насочување која ја истакнува личноста, животните ситуации и можностите за иднината.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2017 Аленка Фидлер

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
