НЕ ТОЛКУ НОВИ ВОЈНИ
DOI:
https://doi.org/10.37510/Keywords:
нови војни, глобализација, насилство, концепт, критикиAbstract
Овој труд се фокусира на таканаречените „нови војни“ што се појавија кон крајот на дваесеттиот век.Авторот врши обид непристрасно да ги аргументира критиките, но и одбраната на тврдењата дека се случиле квалитативни промени во природата на насилниот конфликт и дека сега е можно да се размислува во смисла на „нови војни“ кои се различни на значајни начини од претходните форми на конфликт.Идејата доаѓа од два поврзани аспекти на овој општ предлог.Првиот се однесува на историскиот раскин помеѓу „стари“ и „нови“ војни и придружниот аргумент што ја поврзува појавата на „нови војни“ со процесот на глобализација во доцниот дваесетти век. Вториот аспект се однесува на реалните карактеристики на „новите војни“ и начинот на кој „тие се разликуваат од претходните војни во однос на нивните цели, методите на војување и како се финансираат“. Во анализата се осврнуваме на пет компоненти на дебатата: разликата меѓу старите војни и „нови“ војни; проблемот на дефинирање на војната;дали податоците ги поддржуваат тврдењата за нови
војни; дали глобализацијата ги изнедри новите војни; и дали се новите војни „постклаузевицки“. Притоа се сумирани аргументите за сомнежите во степенот до кој современите форми на организирано насилство одразуваат нови обрасци во однос на актерите, целите, просторот, човековото влијание, како и политичката економија и социјалната структура на конфликтот.Резултатите укажуваат дека сепак, опсесијата со „новоста“ на војните ја промашува поентата за логиката на новите војни;она што е важно, е адресирањето на политичките елементи на новите војни. Истражувањето на одбраната на ставот за „новите војни“ изнесува дека тие треба да се разберат не како емпириска категорија, туку како начин за разјаснување на логиката на современата војна што може да понуди и стратегија за истражување на таа категорија вооружени конфликти и водич за политика на нивно разрешување.
Downloads
Published
Issue
Section
License
Copyright (c) 2025 Сергеј Цветковски

This work is licensed under a Creative Commons Attribution 4.0 International License.