МЕНАЏИРАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

Authors

  • Софија Георгиевска , Филозофски факултет, УКИМ, Скопје

Keywords:

човечки ресурси, менаџирање/менаџирање, стратешко планирање, регрутација, работни односи, обуки, развој, кариера

Abstract

Функцијата на менаџирањето со човечките ресурси е да им обезбеди на вработените развивање на нивните способности преку систем на менаџментски постапки, да обезбеди развивање на нивните способности преку селекција и регрутација до промоција и напредни бенефити, компензација, градење кариера и сл. Функцијата, во таа смисла, е да се промовира ефикасен менаџмент-систем преку кој ќе се постигнат долгорочните цели и планови на организацијата. Исто како и кај компаниите од реалниот сектор, така и кај менаџментот со човечки ресурси главната цел е да создаде можност за развој на човечките ресурси како клучен фактор за напредок на организацијата.

Целите на менаџментот со човечки ресурси вклучуваат ефикасно спроведување утврдена политика и координација на човечки ресурси како на национално така и на локално ниво на практикување на власта. Како главни сегменти од ланецот на менаџирање со човечки ресурси се: селекцијата, работните односи и мотивацијата како стожерни фактори, потоа дијагностицирање на потребите на организацијата, консументите, но и на потребите и предизвиците на вработените.

Downloads

Published

2021-12-16

How to Cite

МЕНАЏИРАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ. (2021). Annual of the Faculty of Philosophy in Skopje, 74(1), 529-539. https://journals.ukim.mk/index.php/godzbo/article/view/2354

Most read articles by the same author(s)

1 2 > >>