ФИНАНСИРАЊЕ И НАДЗОР НА ПРИМЕНАТА НА ИНВАЗИВНИ МЕРКИ ЗА ПОТРЕБИТЕ НА БЕЗБЕДНОСТА И ОДБРАНАТА
Abstract
Инвазивните мерки, како што се дефинирани посебните истражни мерки, се ante delictum мерки. Тие се применуваат само во ситуации во кои доказите не можат да се добијат со конвенционални методи, а се потребни за непречено водење на кривичната постапка. Финансиските средства за примена на овие инвазивни мерки, конкретно, за потребите на безбедноста и одбраната се алоцираат со буџет од страна на законодавната власт. Главната хипотеза на овој труд гласи: надзорот над примената и финансирањето на спроведувањето на посебните истражни мерки, има позитивно влијание/или е во директна корелација со ефективниот изградбата/развој и функционирањето на безбедносно-одбранбениот систем, посебно од аспект на принципите за: добро владеење, транспарентност, отчетност, пропорционалност и ефикасна примена на финансиските ресурси.
Тргнувајќи од посочената хипотеза, истражувањето во трудот за базира на две варијабли и тоа: независна варијабла, т.е. надзорот врз примената и финансирањето на спроведувањето на посебните истражни мерки, и зависна варијабла, т.е. ефективниот развој и правилното и ефикасно функционирање на безбедносно-одбранбениот систем.
Од методолошки аспект, во трудот е применет комбиниран пристап на квалитативна и квантитативна анализа, преку истражување, мерење и споредување на: усвоени меѓународни стандарди по однос на примената на посебните истражни мерки, прописите во македонската нормативна рамка, содржината на упатствата и на прирачниците за спроведување на посебните истражни мерки од страна на релевантните институции во македонското општество.