ОПШТЕСТВЕНИОТ КОНТЕКСТ НА ДИЈАЛЕКТИЧКАТА СТРУКТУРА ВО МАКЕДОНСКИОТ ЛИКОВНО- МОДЕРНИСТИЧКИ ДИСКУРС

Authors

  • Татјана Филиповска Филозофски факултет, УКИМ, Скопје
  • Натали Рајчиновска-Павлеска Факултетот за ликовни уметности, УКИМ, Скопје

DOI:

https://doi.org/10.37510/

Keywords:

македонска уметност, социологија на уметноста, дијалектика, уметник – општество, естетски плурализам

Abstract

Низ резимиран увид на историските развојни етапи во уметноста и културата, овој труд ја антиципира хипотезата за постоењето на дијалектичка структура во македонскиот ликовно-модернистички дискурс, изнедрена од позициите на уметникот/уметноста во однос на сложената општествена стварност во Македонија.
Од предвоениот период предмет на анализа е уметноста како социјална практика и уметникот како општествен чинител (основоположниците на модерната уметност, Личеноски, Мартиноски) кој преку темата на трудот и работникот дава ангажиран одговор, адресирајаќи го прашањето за класната свест. Од повоениот период (блоковска поделба на светот, судирот на Истокот и Западот) како пресвртна точка, трудот го истражува потенцијалот на јавниот говор (на Мирослав Крлежа), како повик за слобода на уметничкото творење, како отпор кон наметнатите догми (социјалистичкиот реализам).
Зачекорувањето кон решителна дијалектизација на уметноста и културата се разгледува преку делувањето на групата „Денес“ (чекор што ветува), демократизација на уметноста и „естетскиот плурализам“ на нејзините творци (Лазески, Грабулоски). Повоената монументална уметност се анализира низ аспектот човек – општество, односно преку улогата на поединечните ликовни импулси (Мазев, Чемерски) во изградбата на еден нов општествен систем.
Во континуитет на кризни историски ситуации, втемелувањето на уметноста е раководено од потребата за партиципација во изградба на новото општество, засновано на, и конституирано од, дијалектичките ставови и индивидуалните одлуки на модернистичките уметници.

Published

2025-12-16

How to Cite

ОПШТЕСТВЕНИОТ КОНТЕКСТ НА ДИЈАЛЕКТИЧКАТА СТРУКТУРА ВО МАКЕДОНСКИОТ ЛИКОВНО- МОДЕРНИСТИЧКИ ДИСКУРС. (2025). Annual of the Faculty of Philosophy in Skopje, 78(1), 157-173. https://doi.org/10.37510/

Most read articles by the same author(s)