ОПШТЕСТВЕНИОТ КОНТЕКСТ НА ДИЈАЛЕКТИЧКАТА СТРУКТУРА ВО МАКЕДОНСКИОТ ЛИКОВНО- МОДЕРНИСТИЧКИ ДИСКУРС
ДОИ:
https://doi.org/10.37510/Клучни зборови:
македонска уметност, социологија на уметноста, дијалектика, уметник – општество, естетски плурализамАпстракт
Низ резимиран увид на историските развојни етапи во уметноста и културата, овој труд ја антиципира хипотезата за постоењето на дијалектичка структура во македонскиот ликовно-модернистички дискурс, изнедрена од позициите на уметникот/уметноста во однос на сложената општествена стварност во Македонија.
Од предвоениот период предмет на анализа е уметноста како социјална практика и уметникот како општествен чинител (основоположниците на модерната уметност, Личеноски, Мартиноски) кој преку темата на трудот и работникот дава ангажиран одговор, адресирајаќи го прашањето за класната свест. Од повоениот период (блоковска поделба на светот, судирот на Истокот и Западот) како пресвртна точка, трудот го истражува потенцијалот на јавниот говор (на Мирослав Крлежа), како повик за слобода на уметничкото творење, како отпор кон наметнатите догми (социјалистичкиот реализам).
Зачекорувањето кон решителна дијалектизација на уметноста и културата се разгледува преку делувањето на групата „Денес“ (чекор што ветува), демократизација на уметноста и „естетскиот плурализам“ на нејзините творци (Лазески, Грабулоски). Повоената монументална уметност се анализира низ аспектот човек – општество, односно преку улогата на поединечните ликовни импулси (Мазев, Чемерски) во изградбата на еден нов општествен систем.
Во континуитет на кризни историски ситуации, втемелувањето на уметноста е раководено од потребата за партиципација во изградба на новото општество, засновано на, и конституирано од, дијалектичките ставови и индивидуалните одлуки на модернистичките уметници.
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2025 Татјана Филиповска

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.