ИНИЦИЈАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ НА ПСИХОМЕТРИСКИТЕ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ПРАШАЛНИКОТ ЗА ИНДИВИДУАЛНА РАБОТНА ПЕРФОРМАНСА
Abstract
Ова истражување е првична анализа на метриските својства на кратката форма на Прашалникот за индивидуална работна перформанса (IWPQ) преведен на македонски јазик. Инструментот мери три димензии на перформансата на работното место и тоа кај широк спектар на работни места, давајќи мерки за: работната перформанса, контекстуалната перформанса и контрапродуктивното однесување на работното место.
Примерокот е составен од 404 вработени лица (55,7 % жени) од 14 различни професии, со просечна возраст M = 38 (SD = 12,1) и просечно работно искуство M = 12,6 (SD = 10,4) години. Учесниците доброволно одговарaa на инструмент доставен на нивната лична електронска пошта, кој вклучуваше демографски податоци, скалите IWPQ, OLBI (кој мери согорување од работа) и UWES (кој мери работна ангажираност).
Со цел да се истражат метриските карактеристики на инструментот во овој конкретен културен контекст, беа пресметани дескриптивни статистики, направена е анализа на ајтеми, конфирматорна факторска анализа како и проверка на поврзаноста со димензии на двата други вклучени конструкти. Резултатите од факторската анализа на IPWQ ја потврдија тридимензионалната структура, но индикаторите укажаа само на маргинално вклопување во моделот. Алфа-коефициентите сугерираат соодветна релијабилност на скалите (α = 0,73 до α = 0,86). Димензиите на IPWQ се статистички значајно поврзани со други варијалби кои се во очекувана релација со перформансите на работењето.
Врз основа на анализата, беше заклучено дека иако верзијата на IWPQ преведена на македонски јазик може да се третира како соодветна за користење како мерка за успешноста на аспекти на работната перформанса, неопходни се понатамошни истражувања, а особено оние насочени кон приспособување на содржината на ајтемите, за да се подобри валидноста на инструментот.