МЕРЕЊЕ НА ПОПУЛИСТИЧКИ СТАВОВИ – ПСИХОМЕТРИСКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ТРИДИМЕНЗИОНАЛНАТА СКАЛА

  • Николина Кениг

Abstract

За да одговорат на растечката потреба за мерење на популистичките ставови, неколку истражувачи предлагаат инструменти кои го дефинираат конструктот користејќи различни теоретски рамки. Ова истражувањее спроведено со цел да сеутврдат психометриските својства на неодамна развиената тродимензионална скала за мерење на степенот на прифаќање популистички ставови на индивидуално ниво, предложена од Шулц и нејзините соработници. За разлика од инструментите кои ги дефинираат популистичките ставови како еднодимензионален конструкт, оваа скала се заснова на претпоставката дека тие се латентен конструкт од повисок ред, со три различни под-димензии од прв ред.

Пригодниот примерок од кој се прибирани податоците, се состои од вкупно 535 учесници, (53,1 % жени) од 25 урбани (52,6 % од главниот град) и 15 рурални области во земјата, со просечна возраст М = 36,2(SD = 12,4) години, повеќето (65 %) со завршено средно образование. Сите учесници доброволно одговорија на збир од инструменти, вклучувајќи избор на префериран хипотетички политички кандидат, две скали за популистички ставови, неколку други скали кои мерат варијабли поврзани со релевантниот конструкт, и основни демографски податоци.

Психометриските карактеристики на инструментот на Шулц и соработниците, беа проверени со спроведување на анализа на ајтеми, конфирматорна факторска анализа и тестирање на предложените хипотези генерирани врз основа на претходни релевантни истражувања. Резултатите ја потврдија тродимензионалната структура на скалата и тоа со добри индикатори за совпаѓање со оригиналниот модел, аaлфа-коефициентите укажаа на прифатлива внатрешна хомогеност на скалата и нејзините димензии. Исто така, димензиите на конструктотсе корелирани со други варијаблисо кои се очекува да бидат поврзани со одобрување на популистички ставови.

Врз основа на анализата, заклучено е дека тродимензионалната скала на Шулц и соработниците преведена на македонски јазик, со оглед на метриските карактеристики, може да се користи за утврдување на степенот на прифаќање популистички ставови, но дека нејзината ефикасност за предвидување на преференција на популистички ориентирани партии за време на изборите треба дополнително да се испита.

Downloads

Download data is not yet available.
Published
2023-12-16
How to Cite
Кениг, Н. (2023). МЕРЕЊЕ НА ПОПУЛИСТИЧКИ СТАВОВИ – ПСИХОМЕТРИСКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ТРИДИМЕНЗИОНАЛНАТА СКАЛА. Annual of the Faculty of Philosophy in Skopje, 76(1), 281-298. https://doi.org/10.37510/godzbo2376281k