АФЕКТИВНИ ПОЛИТИКИ НА „АВТОНОМНАТА ЗОНА“: ОД МЕЛАНХОЛИЈА ДО ЗАЈАКНАТА ПОЛИТИЧКА АКЦИЈА
DOI:
https://doi.org/10.37620/EAZ2121038bKeywords:
афективни политики, меланхолија, маргинализираност, интерсубјективност, автономна зонаAbstract
Текстот го истражува политичкиот потенцијал на меланхолијата како дел од афективните политики на „Автономната зона“, активност имплементирана од студентското движење „Студентски пленум“ во 2015 година во Македонија. Главниот фокус се однесува на афективниот потенцијал на „Автономната зона“ како времена, отелотворена и дејствена политичка пракса. На почетокот, во фокусот се психоаналитичкиот концепт за меланхолијата и нејзиниот социјален аспект. Социјалниот аспект на афективноста на меланхолијата е прикажан како маргинализирана позиција. Примерот што се користи во текстот се однесува на меланхоличната и маргинализираната позиција на студентите во македонското општество пред појавата на студентското движење. Следува теориската рамка, која поаѓа од современите интердисциплинарни пристапи кон отелотворено и дејствено[1] социјално учество во споделениот свет. Овој пристап е феноменолошка перспектива кон социјалните акции што вклучуваат концепти како интерсубјективност, интертелесност и интерафективност. Овој пристап потоа се користи како основа за анализа на афективните политики инспирирани од Силвија Федеричи и нејзиното тврдење дека репродуктивната работа и сфера можат да бидат потенцијал за политичка имагинација и антикапиталистичка социјална трансформација.
Истражувањето и анализата се имплементирани врз специфичен дел на студентското движење „Студентски пленум“, отелотворено и дејствено воспоставено преку окупацијата на Универзитетот наречена „Автономна зона“ во 2015 година во Македонија. „Автономната зона“ траеше две недели во текот на кои студентите го организираа животот и просторот на Филозофскиот и Филолошкиот факултет на универзитетскиот кампус на „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Анализата ги следи отелотворените, дејствените и интеркорпорални афективни искуства, доживувањето на просторот, интимноста, солидарноста и одговорноста како главни аспекти на афективните политики што беа употребени како политички алатки и како личен капацитет за трансформација. Анализата покажува дека афективните искуства на студентите за време на окупацијата биле најважниот аспект на трансформацијата на меланхоличното искуство и маргинализираната социјална позиција.
[1] Enacted – во случајот е преведено ‘дејствено’ – неговото значење се поврзува со современите теории за емоциите каде што тие се разгледувани во постојана спрега со когницијата и во постојана реципрочна интеракција со околината. Дејствено тука означува динамична интеракција на организмот со околината, односно соучество во обликувањето на стварноста и светот.
References
Downloads
Published
Issue
Section
License
Copyright (c) 2021 EthnoAnthropoZoom

This work is licensed under a Creative Commons Attribution-NonCommercial-ShareAlike 4.0 International License.
Open policy finder