Придонесот и предизвиците на супервизијата на капитално финансираното пензиско осигурување во Република Македонија

  • Зорица Апостолска Советник за специфични прашања Стопанска банка АД Скопје Сектор за кредитен ризик за банкарство на мало

Abstract

Овој труд е посветен на појавата, развојот и унапредувањето на супервизијата на капитално финансираното пензиско осигурување. Структурната
реформа на пензискиот систем наметна потреба од прилагодување на
постојните, но и создавање на нови институции во рамките на институционалната инфраструктура. Во 2002 година беше основана една многу
значајна институција, Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување - МАПАС. Имено, МАПАС е супервизорскорегулаторно тело кое врши контрола врз работењето на пензиските друштва, кои управуваат со задолжителните и доброволни пензиски фондови.
Во десетгодишното постоење, овој супервизорски орган се соочи со предизвикот на недоволна независност и самостојност, заради што како последица беше нарушен континуитетот во нејзиното работење. Зависноста од
извршната власт ја направи МАПАС неусогласена со меѓународните принципи на супервизија, а исто така, доби критика во последните три извештаи
на Европската комисија за постигнатиот прогрес (2009, 2010 и 2011 година).
Заради постигнување на повисок степен на независност и елиминирање на политичките факторите кои влијаат врз самостојноста, потребна е
промена и понатамошна реформа, со која органите на управување на
МАПАС ќе ги избира орган, кој е самостоен и независен од извршната
власт, а тоа е Собранието на Република Македонија. Оваа препорака се
темели врз основа на меѓународното искуство, еволуирањето на овој тип
на регулаторни и супервизорски институции, како и на прилагодување на
општествено-политичкото опкружување на земјата.

Downloads

Download data is not yet available.
Published
2011-12-01
How to Cite
Апостолска, З. (2011). Придонесот и предизвиците на супервизијата на капитално финансираното пензиско осигурување во Република Македонија. Ревија за социјална политика/Journal of Social Policy, 4(8), 47-60. Retrieved from https://journals.ukim.mk/index.php/socpol/article/view/2173