Драги колеги,

Ви ги претставуваме двата нови броја од XIX годиште на меѓународното онлајн славистичко списание „Филолошки студии“. Членовите на овогодинешниот главен уредувачки одбор, во договор со другите уреднички одбори на списанието, решија да го посветат првиот број на темата „Аспекти на младинските култури и младинските литератури во словенскиот свет“, со акцент на истражување на младинските култури и литератури во актуелните и во минати словенски контексти. Авторите, кои ги разгледуваат овие прашања од национални и од компаративни перспективи, се занимаваат со следните теми: јазици и дискурси на младинската литература; младински дискурси; словенски младински литератури (класици и современи автори); илустрации и сликовници; евалуација на младинските литератури; трендови во современи младински литератури; младински книжевни системи; интеркултурно посредување и превод на младински литературни текстови и рецепција во целната култура; спорни прашања во младинската литература. Во првиот број, трудовите се распоредени во петте постојани рубрики, од кои повеќето се сместени во рубриката „Литературата во интеркултурен контекст“.

Вториот, стандарден број, обединува трудови за словенските литератури, јазици, култури и културна историја. Собравме трудови на бројни автори од повеќе европски универзитетски центри и би сакале да ја искористиме оваа пригода да им се заблагодариме.

Броевите се подготвени од уредниците на Факултетот за уметности на Универзитетот во Љубљана (Словенија) со поддршка и во соработка со уредниците од нашите постојани партнери: Институтот за македонска литература на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (Северна Македонија), Факултетот за хуманистички и општествени науки на Универзитетот во Загреб (Хрватска), Филолошкиот факултет на Државниот универзитет во Перм (Русија) и Институтот за литература и уметност во Белград (Србија).

Објавено: 2021-11-30

Филозофско-културолошки проблеми

Историја и филологија

Проучување на говорот. Лингводидактика