ТРАНЗИЦИИ НА ДЕЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ ОД СЕРВИСИТЕ ЗА РАНА ИНТЕРВЕНЦИЈА ВО РЕДОВНИТЕ ИНКЛУЗИВНИ УЧИЛИШТА

Автори

  • Александра КАРОВСКА Faculty of Philosophy, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje, Skopje, Macedonia
  • Зора ЈАЧОВА Филозофски факултет, УКИМ, Скопје

ДОИ:

https://doi.org/10.2478/

Клучни зборови:

рана интервенција, транзиции, модели на рана интервенција, мрежна координација

Апстракт

Раната детска интервенција ги опфаќа високо ризично родените деца или деца кои имаат некоја попреченост и нивните семејства, од раѓање до одредена возраст (горната граница варира во различни земји).
Транзициите може да ги дефинираме како „моменти на промена на сервисите и персоналот кои ги координираат и обезбедуваат сервисите“.Транзициониот процес треба да обезбеди континуитет на сервисите, намалување на семејните нарушувања, подготвување на детето за програмските сместувања, и треба да има одредена законска подлога.
Предметот на нашето истражување беше да се направи пресек на моделите на раната интервенција во Масачусетс и во Баварија како модели кои нудат најдобри практики во оваа област. Целта на истражувањето беше да се воочат начините за постигнување на успешни транзиции кај децата опфатени со сервисите за рана интервенција како и да се дефинираат стратегии кои би ги содржеле есенцијалните елементи за успех.
Заклучоците од спроведеното истражување неминовно водат кон следните елементи (како составен дел од стратегиите за успешни транзиции): соработка меѓу професионалци; размена на информации; поддршка на семејството; подготовка на детето; обука на кадарот; мрежна координација меѓу центрите за рана интервенција и инклузивните училишта.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2006-09-30

Како да се цитира

ТРАНЗИЦИИ НА ДЕЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ ОД СЕРВИСИТЕ ЗА РАНА ИНТЕРВЕНЦИЈА ВО РЕДОВНИТЕ ИНКЛУЗИВНИ УЧИЛИШТА. (2006). Дефектолошка теорија и практика, 7(3-4), 37-44. https://doi.org/10.2478/

Слични трудови

1-10 од 86

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.

Најчитани трудови од истиот автор(и)