КОРЕЛАЦИЈА ПОМЕЃУ ПЕРФОРАЦИЈАТА НА УШНОТО ТАПАНЧЕ И РЕДУКЦИЈАТА НА СЛУХОТ

Автори

  • Лидија РИСТОВСКА City General Hospital “8 September”, Department of Otorhinolaryngology, Division of Audiology, Skopje, Republic of Macedonia
  • Зора ЈАЧОВА Филозофски факултет, УКИМ, Скопје
  • Раде ФИЛИПОВСКИ Градска општа болница „8-ми Септември“, Оддел за оториноларингологија, Отсек за аудиологија
  • Никица АТАНАСОВА Градска општа болница „8-ми Септември“, Оддел за оториноларингологија, Отсек за аудиологија

Клучни зборови:

редукција на слухот, перфорација, ушно тапанче

Апстракт

Вовед: Перфорацијата на ушното тапанче примарно резултира од инфекции на сред-ното уво, траума или јатрогени причини. Перфорацијата предизвикува кондуктивна редукција на слухот со намалување на повр-шината која е достапна за пренесување на звукот кон осикуларниот синџир.
Цел: Целта беше да се анализираат каракте-ристиките на перфорациите на ушното та-панче во релација со редукцијата на слухот и да се одреди типот и степенот на редук-ција на слухот.
Материјал и методи: Ги анализиравме ау-диометриските, отоскопските наоди и це-лосните специјалистички извештаи од 218 пациенти, 114 машки (52,3%) и 104 женски (47,7%), на возраст од 9 до 75 години (сред-на возраст 47,9 години), прегледани во пе-риодот од ноември 2012 до октомври 2015 година. За статистичка анализа на подато-ците го користевме хи-квадрат тестот со ни-во на значајност p<0,05.
Резултати: Најголем број од пациентите имаа унилатерални перфорации (89%) со предоминација на десното уво и инволви-рање на два квадранти од pars tensa (37,2%). Средната вредност на воздушно-коскениот процеп беше 23,9 dB. Воздушно-коскениот процеп беше најголем на фреквенцијата 250 Hz. Најголем број од пациентите (73,1%) имаа мешана редукција на слухот (p=0,032) и просечен праг на слух од 21 до 40 dB.
Заклучок: Средната вредност на воздушно-коскениот процеп е најголема на ниските фреквенции и опаѓа со растот на фреквен-цијата. Големината на перфорацијата има влијание на редукцијата на слухот. Средна-та вредност на воздушно-коскениот процеп се зголемува со зголемување на перфораци-јата. Нема голема разлика помеѓу воздушно-коскениот процеп кај постериорните наспроти антериорните перфорации.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2016-03-31

Како да се цитира

КОРЕЛАЦИЈА ПОМЕЃУ ПЕРФОРАЦИЈАТА НА УШНОТО ТАПАНЧЕ И РЕДУКЦИЈАТА НА СЛУХОТ. (2016). Дефектолошка теорија и практика, 17(1-2), 36-49. https://journals.ukim.mk/index.php/jser/article/view/5056

Слични трудови

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.

Најчитани трудови од истиот автор(и)