КОРЕЛАЦИЈА ПОМЕЃУ ПЕРФОРАЦИЈАТА НА УШНОТО ТАПАНЧЕ И РЕДУКЦИЈАТА НА СЛУХОТ
Клучни зборови:
редукција на слухот, перфорација, ушно тапанчеАпстракт
Вовед: Перфорацијата на ушното тапанче примарно резултира од инфекции на сред-ното уво, траума или јатрогени причини. Перфорацијата предизвикува кондуктивна редукција на слухот со намалување на повр-шината која е достапна за пренесување на звукот кон осикуларниот синџир.
Цел: Целта беше да се анализираат каракте-ристиките на перфорациите на ушното та-панче во релација со редукцијата на слухот и да се одреди типот и степенот на редук-ција на слухот.
Материјал и методи: Ги анализиравме ау-диометриските, отоскопските наоди и це-лосните специјалистички извештаи од 218 пациенти, 114 машки (52,3%) и 104 женски (47,7%), на возраст од 9 до 75 години (сред-на возраст 47,9 години), прегледани во пе-риодот од ноември 2012 до октомври 2015 година. За статистичка анализа на подато-ците го користевме хи-квадрат тестот со ни-во на значајност p<0,05.
Резултати: Најголем број од пациентите имаа унилатерални перфорации (89%) со предоминација на десното уво и инволви-рање на два квадранти од pars tensa (37,2%). Средната вредност на воздушно-коскениот процеп беше 23,9 dB. Воздушно-коскениот процеп беше најголем на фреквенцијата 250 Hz. Најголем број од пациентите (73,1%) имаа мешана редукција на слухот (p=0,032) и просечен праг на слух од 21 до 40 dB.
Заклучок: Средната вредност на воздушно-коскениот процеп е најголема на ниските фреквенции и опаѓа со растот на фреквен-цијата. Големината на перфорацијата има влијание на редукцијата на слухот. Средна-та вредност на воздушно-коскениот процеп се зголемува со зголемување на перфораци-јата. Нема голема разлика помеѓу воздушно-коскениот процеп кај постериорните наспроти антериорните перфорации.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2016 Лидија Ристовска

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
