НАГЛУВОСТА И ОШТЕТУВАЊЕТО НА ВИДОТ КАКО ФАКТОРИ НА РИЗИК ЗА ПОЈАВА НА ДОЦНА ДЕПРЕСИЈА
ДОИ:
https://doi.org/10.2478/Клучни зборови:
коморбидитет, оштетување на слухот, оштетување на видот, доцна депресијаАпстракт
Вовед: Доцната депресија е една од најфрекфентните заболувања кај старите лица и таа често останува непрепознаена. Една од причините за непрепознавањето на доцната депресија е коморбидитетот. Оштетувањето на слухот и видот е многу честа состојба кај старите и епидемиологијата заедно со проблемите поврзани со видот и слухот сè уште се недоволно истражувани. Доцната депресија е често придружена со оштетувања на слухот и видот.
Предмет: Цел на студијата е да се евалуира врската меѓу функционирањето на слухот и видот и доцната депресија.
Методи: Истражувањето претставува аналитичка пресечна студија со рандомизиран примерок од 120 постари лица, 60 пациенти со доцна депресија и 60 постари лица кои живеат во друштвото без историја за депресивни симптоми, на возраст над 60 години.
Податоците кај сите испитаници беа собрани со прашалник дизaјниран за целите на студијата за мерење на тежината на симптомите (скала од 1. до 3. степен - од благо до тешко) за наглувоста и оштетувањето на видот што ги даваа самите испитаници. Исто така беше користена и постоечката медицинска документација и Геријатриската скала за депресија.
Резултати: Поголем број од пациентите со доцна депресија страдаа од оштетување на слухот и видот споредено со недепресивните постари лица: оштетување на слухот (χ2=6.97, df=1, p=0.0083) и оштетување на видот (χ 2=4.37, df=2, p=0.012).
Заклучок: Резултатите сугерираат дека ризикот за доцна депресија е зголемен меѓу постарите лица со оштетување на слухот и видот. Спроведувањето на комплетен годишен преглед на видот е најважен чекор што кај старите лица може да помогне во следењето и заштитата на нивното здравје на видот. Неопходен е рутински скрининг и ран третман на депресијата кај постарите пациенти со оштетување на слухот и видот во примарната здравствена заштита. Офталмолозите и отолозите би требало да бидат свесни за неопходноста на рутински скрининг на геријатриските синдроми на очните и ушните клиники.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2012 Роза Насте Крстеска

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
