МАКЕДОНСКОТО НАУЧНО ЗДРУЖЕНИЕ ЗА АУТИЗАМ НА ПРВА РАБОТНА СРЕДБА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „НОРТХЕМПТОН“ ВО АНГЛИЈА, ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ „ЕДНАКВОСТ И СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА ПРЕКУ ПОЗИТИВНО РОДИТЕЛСТВО“

Автори

  • Јасмина Трошанска Macedonian Scientific Socitey for Autism, Institute for special education and rehabilitation Faculty of Philosophy, Skopje, Republic of Macedonia

Апстракт

Во периодот од 28 до 30 септември 2015 година, претседателот на Македонското научно здружение за аутизам проф. д-р Владимир Трајковски и потпретседателката м-р Јасмина Трошанска присуствуваа на првата работна средба на Универзитетот Нортхемптон во Англија, во рамките на проектот „Еднаквост и социјална инклу-зија преку позитивно родителство“ наменет за создавање на научно докажан модел за спроведување на обука за родители на деца со аутизам на европско ниво.
Овој проект, со број: 2015-1-UK01-KA204-013397, е дел од програмата Еразмус + на Националната агенција за европски образовни програми на Англија, клучна акција 2 - Соработка заради иновации и размена на добра практика и тип на акција: стратешко партнерство за едукација на возрасни.
Координатор на проектот е Универзитетот Нортхемптон, а додека, пак, партнерски организации се: Едукациско-рехабилитацискиот факултет од Загреб, Центар за аутизам од Загреб, Аутизам Европа со седиште во Белгија, Центар за развој и поддршка на деца и адолесценти со аутистичен спектар на нарушувања од Кипар, Европски универзитет од Кипар, Македон-ско научно здружение за аутизам од Македонија, Таргет аутизам и Аутизам консерн од Англија.
Проектот е со буџет 432.210 евра и вре-метраење од 36 месеци, од 01. 09. 2015 до 31. 08. 2018 година.
Целите на проектот се:

  • создавање модел заснован на на-учни докази за едукација на ро-дители на деца со аутизам кој ќе може да се користи во Европа;
  • создавање програма и еколошки материјали за обука на родители;
  • употреба на материјалите во едукација на семејства на деца со аутизам во региони каде што претходно не биле спроведувани едукации;
  • оценка на употребата на материјалите и влијанието на обуката преку квалитативни и квантита-тивни анализи на податоци;
  • споделување на моделот на програма за едукација на родители, алатките и материјалите со засегнатите страни и давање на препораки на креаторите на политики и оние кои донесуваат одлуки.

Во текот на првата средба координаторот го презентираше проектот, започнувајќи од идејата за неговото создавање, па сѐ до оче-куваните резултати на крајот на проек-тот. Претставници од Р. Хрватска, Р. Македонија и Кипар на почетокот ги презентираа карактеристиките на своите држави од културен, географски и политички аспект, ја презентираа организацијата од која доаѓаат, а потоа и состојбата со третманот на децата со аутизам во нивните држави, бројноста и евиденцијата на децата, можностите за рана интервенција и третман, системот на образование и проблемите кои ги имаат семејствата и децата со аутизам. Понатаму, во групи, заедно со експер-тите за развој на програми за тренинг, беа изработени модели на едукации на родители за Р. Македонија, Кипар и Р. Хрватска. Секој модел беше презентиран, сите позитивни и негативни аспекти беа разгледувани преку заедничка дискусија. Исто така, беа одредени датумите на идните ин-тернационални средби и датумите за пр-вите обуките на родители на децата со аутизам во Р. Македонија, Р. Хрватска и Кипар. Во секоја од овие држави ќе бидат одржани по 6 обуки (вкупно 18) на родители во рамките на кои ќе се врши и тренинг на едукатори и рехабилитатори членови на партнер-организациите (на МНЗА во Македонија) за работа со родители на деца со аутизам, 3 конференции за родители и професионалци, од кои едната во мај 2016 г. во Р. Македонија, а партнерите во проектот ќе присуствуваат на национални и интернационални конференции (Пример: презентирање на проектот на Интернационалниот конгрес на аутизам - Европа 2016), со што ќе се создаваат научни трудови и извештаи. Проектот ќе биде следен од врвни експерти за аутизам во Европа. Домаќин на следната интернационална средба во јануари 2016 година се партнерите од Кипар, а првата обука за родители и тренинг за тренери се очекува да се случи во март 2016 година во Скопје. Во тек е интернационален натпревар за лого на проектот, преку собирање на цртежи нацртани од страна на деца со аутизам од сите земји-членки, учеснички во проектот.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2015-09-30

Како да се цитира

МАКЕДОНСКОТО НАУЧНО ЗДРУЖЕНИЕ ЗА АУТИЗАМ НА ПРВА РАБОТНА СРЕДБА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „НОРТХЕМПТОН“ ВО АНГЛИЈА, ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ „ЕДНАКВОСТ И СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА ПРЕКУ ПОЗИТИВНО РОДИТЕЛСТВО“. (2015). Дефектолошка теорија и практика, 16(3-4), 119-121. https://journals.ukim.mk/index.php/jser/article/view/5073

Најчитани трудови од истиот автор(и)