ПРЕВАЛЕНЦИЈА НА ГРИЗЕЊЕТО НОКТИ КАЈ ПРЕДУЧИЛИШНИТЕ ДЕЦА ВО БИТОЛА
ДОИ:
https://doi.org/10.2478/Клучни зборови:
гризење нокти, предучилишна возраст, услови на живеење, социоекономски услови, превенцијаАпстракт
Гризењето нокти може да има значајна улога во развојот на некои аномалии и штетни последици врз орално-фацијалниот систем.
Цел: Целта на студијата беше да се утврди преваленцијата на гризењето нокти кај предучилишните деца во Битола.
Методи: Во опсервациона, пресечна, (cross-sectional) студија беа опфатени 890 деца, кои дошле на систематски прегледи во периодот од јануари до декември 2009 година. Беа применети следните методи: психолошко тестирање (тестот по Чутуриќ), педијатриски преглед, интервју со родителите и прашалникот: Child Behavior Checklist-Achenbach, 1981.
Резултати: Истражувањето опфати 890 деца, од кои 401 на тригодишна, 489 на петгодишна возраст, 51,6% машки и 48,4% женски. Преваленцата на гризењето нокти беше 22,02%. Статистичката анализа покажа дека оваа навика не се јавува значајно почесто (p>0.05) кај децата на 5 годишна возраст и кај машките. Тестираната разлика во фреквенцијата на гризењето на ноктите кај децата од градовите и селата не беше статистички значајна (p>0.05). Децата кои немаат своја соба статистички несигнификантно почесто ја манифестираат оваа навика (p>0.05).
Тестираните разлики во зависност од бројот на членови и деца во семејството, беа статистички значајни (p<0.05), но во однос на редот на раѓање на детето беа статистички незначајни (p>0.05). Децата чии родители имаат висок степен на образование значајно помалку гризат нокти, p<0.01. Поголема е застапеноста на оваа навика кај испитаниците во семејства кои имаат просечни материјални приходи, p=0.004.
Заклучок: Заради влијанието врз денталниот развој педијатрите и детските стоматолози треба заеднички да работат на превенција, рана дијагноза и третман на оваа навика.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2011 Домника Рајчановска

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
