АУТИЗАМ И ПЕРВАЗИВНИ РАЗВОЈНИ НАРУШУВАЊА од Владимир Е. Трајковски

Автори

  • Ана ПЕТКОВСКА Faculty of Philosophy, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje

ДОИ:

https://doi.org/10.2478/

Клучни зборови:

аутизам, первазивни развојни нарушувања, учебник, Владимир Трајковски

Апстракт

Аутизмот во последните шест децении е во фо­кусот на значителен интерес кај лекарите и истражувачите. Големи достигнувања биле на­правени на оваа поле со цел да се разбере за­гадочното нарушување на аутизмот. Но, и по­крај сите напори во подигнување на свес­та кај населението за аутизмот и пер­ва­зив­ни­те развојни нарушувања, денеска малку се збо­рува кај нас.

Следејќи ги современите барања на оп­ште­ство­то, по само неколку години, мо­но­гра­фи­ја­та „АУТИЗАМ“ добива свое на­до­пол­ну­ва­ње на­пишано од перото на проф. д-р Вла­ди­мир Трај­ковски.

Сеопфатната книга, Аутизам и первазивни раз­војни нарушувања, излезе од печат на 3 јуни 2011 година. Проширувањето во го­ле­ми­на и софистицираност само го одразува зна­чај­ниот напредок во текот на еден седумго­ди­шен период.

Книгата „Аутизам и первазивни развојни на­ру­шу­вања“ е напишана на 412 страници по­де­ле­ни во 14 поглавја и тоа: историјат, де­фи­ни­ција и класификација на аутизмот и ПРН; епи­демиолошки карактеристики на ау­тиз­­мот; етиологија и патогенеза на ау­тиз­мот; нев­ро­па­то­логија и неврорадиолошки ис­­ле­ду­ва­ња кај ау­тизмот; клинички ка­ракт­ер­ис­тики на ау­тиз­мот; дијагноза и ди­фе­рен­ци­јал­на ди­јаг­ноза на аутизмот; третман на аутизмот; ис­ход и про­гноза на аутизмот; ме­ди­цински сос­тој­би кај аутизмот; аутизам и сек­су­ал­ност; Asperger син­дром; Rett син­дром; дет­ско дезин­те­­гра­тив­но нарушување и пер­­ва­зив­ни раз­вој­ни на­ру­шу­ва­ња нес­пе­ци­фи­рани на друг начин (ПРН-НДН). Поеди­неч­но се­кое поглавје прет­ста­вува уни­катна мож­ност сту­дентите полесно да дој­дат до са­ка­ни­те ин­формации и поус­пеш­но да ја сов­ла­даат ба­раната материја.

Проф. д-р Владимир Трајковски ни дава ком­­пле­тен преглед на современите пристапи во кла­си­фикација и дефиниција на аутизмот и пер­вазивните развојни нарушувања со цел на­­вре­мено идентификување на малите деца со ова нарушување. Тежината во делот, кај што се дадени епидемиолошките ка­рак­те­рис­­тики на аутизмот, се гледа во ко­рис­те­ње­то на точни и концизни емпириски податоци чии ре­зул­та­ти даваат комплетна слика за зго­ле­ме­на­та за­чес­­те­ност на појавување на оваа сос­тој­ба во све­тот. Бидејќи кај ау­тиз­мот не постои един­стве­на причина за на­ста­ну­­вање, авторот де­тал­но ни ја опишува етио­ло­­гијата и па­то­ге­не­за­та на аутизмот каде чи­та­те­лите можат да се за­поз­на­ат со ге­не­ти­ка­та и имуногенетиката на ау­тизмот, потоа, со иму­­нолошките на­ру­шу­ва­ња, биохемиски и ме­­таболни нарушувања кај овој синдром, а осо­бено значење ‹ се дава на жи­вата како етио­­лошки фактор. По­вр­за­но­с­та на аутизмот со функционалните и струк­тур­ни про­мени во мозокот, авторот ја објаснува пре­ку де­тал­на анализа на невропатолошки и не­в­ро­­ра­дио­лошки студии.

Многу луѓе се прашуваат што е аутизам и како овие деца да се препознаат, па затоа во пе­т­тото поглавје се прикажани основните ка­ра­ктеристиките кои се универзални и се ко­рис­тат во дијагнозата на аутизмот. Проф. Трај­ков­ски понатаму низ страниците на оваа кни­га ни ја нагласува потребата од рана ди­јаг­ноза со цел навремено да се почне со соод­ветен трет­ман.

Авторот обезбедува тековна ревизија на фар­маколошките третмани и ја сугерира важ­носта од потенцијалните придобивки на трет­манот со лекови во одредени случаи. Едно од пра­ша­ња­та кое го поставуваат сите инвол­вирани во оваа проблематика е и тоа ка­ков е исходот и про­гнозата кај аутизмот а тоа можете да го про­читате во осмото по­глав­је.

Како новина во книгата се и поглавјата во кои е опишан аутизмот и сексуалноста, Asper­ger син­­дромот, Rett синдромот, детско де­зин­те­гра­тивно нарушување и первазивни раз­војни на­рушувања неспецифирани на друг начин. Спо­ред наведеново, поглавјата во оваа книга се само сведоштво за на­пре­до­кот како и за пос­тојаната потреба за ис­тра­жу­ва­ње.

Ав­торот се користи со маестрално обемна и раз­­новидна литература која е видно ажу­ри­ра­на и ревидирана.  Книгата е пишувана на ви­соко техничко и естетско ниво, но и пок­рај пре­цизната терминологија, таа е сепак раз­бир­ли­ва за секоја читателска публика. Осо­бено за­бе­ле­жи­телна е  богато илус­тра­тив­на­та ко­ри­ца која е изработена по сите свет­ски стан­дар­ди.

Аутизам и первазивни развојни на­ру­шу­ва­ња е наменета за студентите од вториот и тре­тиот циклус студии на Институтот за де­фек­то­ло­гија при Филозофскиот факултет, а исто така може да им послужи за про­дла­бо­чу­ва­ње на знаењата на докторите по ме­ди­ци­на, спе­ци­ја­лизантите по психијатрија, пе­ди­јат­рија, пси­хо­ло­зите, логопедите, со­ци­јал­ни­те работници и секако на крај, но не и нај­мал­ку важно, секој ро­дител на овие стра­ни­ци ќе најде совети, охра­брување и надеж во па­ту­вањето низ ау­тиз­мот кај нивното дете. Исто така секое учи­лиш­те, големо или мало, кое има одговорност за образование и вос­пи­та­ние на децата со ау­ти­зам и други пер­ва­зив­ни развојни на­ру­шу­ва­ња, препорачливо е да ја има оваа книга на свои­те полици.

Кни­гата може да се набави во Студентскиот сер­­вис на Филозофскиот факултет во Скопје по симболична цена од само 900 денари.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2011-09-30

Како да се цитира

АУТИЗАМ И ПЕРВАЗИВНИ РАЗВОЈНИ НАРУШУВАЊА од Владимир Е. Трајковски. (2011). Дефектолошка теорија и практика, 12(3-4), 103-106. https://doi.org/10.2478/

Слични трудови

1-10 од 77

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.

Најчитани трудови од истиот автор(и)