СПОРЕДБА НА СТАВОВИТЕ НА НАСТАВНИЦИТЕ ЗА ИНКЛУЗИВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ВО БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА И ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА
Клучни зборови:
инклузивно образование, посебни образовни потреби, ставови, наставнициАпстракт
Целта на ова истражување е да се споредат ставовите на наставниците од Босна и Херцеговина и на наставниците од земјите на Европската Унија (Австрија, Хрватска, Италија, Словенија и Германија) за инклузивното образование за учениците со посебни образовни потреби. Примерокот за ова истражување се состои од 110 наставни-ци од Босна и Херцеговина и 110 наставници од ЕУ. Ставовите беа испитани со прашалник, кој е прилагоден според Индексот за инклузија. Крајниот протокол за интервју содржеше 20 прашања, кои имаа одлична внатрешна конзистентност, Кронбахова алфа од 0,98. За испитување на разликите во ставовите, беше изведен тестот хи-квадрат. Резултатите од ова истражување посочија на високопозитивни ставови за инклузивното образование кај настав-ниците од ЕУ и позитивни ставови кај наставниците од БиХ. Наставниците од ЕУ имаа поповолни ставови од наставниците во БиХ на 18 од 20 прашања.
Овие сознанија беа разгледувани во контекст на претходните истражувања во БиХ и интернационалните истражувања. Трудот завршува со дискусија за предизвиците и можностите за подобрување на инклузивното образование во БиХ.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2017 Алма Диздаревиќ

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
