СПОРЕДБА НА СТАВОВИТЕ НА НАСТАВНИЦИТЕ ЗА ИНКЛУЗИВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ВО БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА И ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА

Автори

  • Алма ДИЗДАРЕВИЌ University of Tuzla, Faculty of Education and Rehabilitation, Department of Special Education and Rehabilitation, Bosnia and Herzegovina
  • Амила МУЈЕЗИНОВИЌ Универзитет во Тузла, Факултет за едукација и рехабилитација, Оддел за специјална едукација и рехабилитација, Босна и Херцеговина
  • Харис МЕМИШЕВИЌ Универзитет во Сараево, Факултет за образовни науки, Оддел за едукација и рехабилитација, Босна и Херцеговина

Клучни зборови:

инклузивно образование, посебни образовни потреби, ставови, наставници

Апстракт

Целта на ова истражување е да се споредат ставовите на наставниците од Босна и Херцеговина и на наставниците од земјите на Европската Унија (Австрија, Хрватска, Италија, Словенија и Германија) за инклузивното образование за учениците со посебни образовни потреби. Примерокот за ова истражување се состои од 110 наставни-ци од Босна и Херцеговина и 110 наставници од ЕУ. Ставовите беа испитани со прашалник, кој е прилагоден според Индексот за инклузија. Крајниот протокол за интервју содржеше 20 прашања, кои имаа одлична внатрешна конзистентност, Кронбахова алфа од 0,98. За испитување на разликите во ставовите, беше изведен тестот хи-квадрат. Резултатите од ова истражување посочија на високопозитивни ставови за инклузивното образование кај настав-ниците од ЕУ и позитивни ставови кај наставниците од БиХ. Наставниците од ЕУ имаа поповолни ставови од наставниците во БиХ на 18 од 20 прашања.
Овие сознанија беа разгледувани во контекст на претходните истражувања во БиХ и интернационалните истражувања. Трудот завршува со дискусија за предизвиците и можностите за подобрување на инклузивното образование во БиХ.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2017-03-30

Како да се цитира

СПОРЕДБА НА СТАВОВИТЕ НА НАСТАВНИЦИТЕ ЗА ИНКЛУЗИВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ВО БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА И ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА. (2017). Дефектолошка теорија и практика, 18(1-2), 92-108. https://journals.ukim.mk/index.php/jser/article/view/5037

Слични трудови

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.

Најчитани трудови од истиот автор(и)