ОДРЖАНО РЕДОВНОТО ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА МАКЕДОНСКОТО НАУЧНО ЗДРУЖЕНИЕ ЗА АУТИЗАМ

Автори

  • Филип ЈУРТОСКИ Macedonian Scientific Socitey for Autism Institute for special education and rehabilitation Faculty of Philosophy, Skopje, Republic of Macedonia

Апстракт

На 25.12.2015 година во „Порта Маке-донија“ во Скопје се одржа годишното собрание на Македонското научно здру-жение за аутизам. Втора година по ред, годишното собрание се одржува во „Порта Македонија“, каде што има прекрасен амбиент, а сите членови изразија задоволство од услугите што се нудат таму. Годишното собрание започна точно во 13:00 часот, а него го отвори претседателот на МНЗА проф. д-р Владимир Трајковски, кој, откако ги поздрави сите присутни, им се заблагодари за нивното присуство и за-почна со излагањето на точките од дневниот ред.
Како и секоја година прва точка беше усвојувањето на записникот од годишното собрание од 2014 година.
Секоја година има прием на нови членови во МНЗА, па така оваа година како нов член беше примена Анита Стојчевска, студент на генерацијата на Институтот за дефектологија за изминатата година.
Од голема важност е да се промовира и да се истакне работата на едно здружение. Во овој контекст, претседателот со голем ентузијазам и задоволство го претстави годишниот извештај за работата на Здружението за 2015 година, кој беше исполнет со голем број активности, награди, проекти и многу други признанија и придонеси на МНЗА во науката, но и во општеството. Би сакал да издвојам неколку од овие активности за кои сметам дека би требало да бидат претставени. Како доста важна актив-ност би ја издвоил промоцијата на МНЗА за 15 години од своето постоење. Претседателот предложи, поради неми-лите случувања на 9 мај 2015 година, 15-годишнината да биде прославена со кампања која е медиумски насочена и со промоција на МНЗА преку социјалните мрежи, со што ќе се види несебичноста на членството на МНЗА и нивната подготвеност за помагање и почитување на општествените состојби во РМ. Овој предлог на претседателот, извршниот одбор едногласно го прифати. Друг проект во кој учествуваат членови на МНЗА и кој треба да се потенцира, е интернационалниот проект на Еразмус плус програмата „Еднаквост и социјал-на инклузија преку позитивно родител-ство“. Преку овој проект се гледа дека МНЗА не е само организација која делува на локално ниво, туку организација која има капацитети и со своите вредности и начела се стреми кон интернационални програми и размена на искуства со колеги од сродни области и истите тие искуства несебично ги споделува и во сопствената земја. За успешноста во работата на МНЗА зборуваат и наградите кои ги доби во текот на 2015 година. Една од овие награди ја доби на интернационалниот натпревар за лого на ЕУ-проектот помеѓу Хрватска, Кипар и Македонија каде победи цртежот Autumn tree на ученичката Елена Делова од VIII4 одделение од ПОУ „Д-р Златан Сремец“ со дефектологот Билјана К. Настевска - член на МНЗА. Исто така МНЗА е добитник на парична награда во висина од 15000 денари за најдобра научноистражувачка работа во 2015 година од страна на фондацијата „Проф. д-р Љупчо Ајдински“.
На годишното собрание како петта точка беше изборот на нов претседател и извршен одбор. На претседателот, проф. д-р Владимир Трајковски, кој со својата несебичност, посветеност и професионализам успешно ја води МНЗА последните 10 години, членството одлучи повторно да му ја додели довербата да ја извршува оваа функција. Претседателот им се заблаго-дари на членовите за нивната доверба и изјави дека ќе се труди и ќе вложува максимален напор за МНЗА да биде што е можно повлијателно здружение кое ќе остави длабок импакт во науката и граѓанското општество.
Како и секогаш, МНЗА има своја про-грама според која се води. Така и оваа година таа програма беше презентирана пред членството. Тоа што ова здружение го прави да е големо и силно, е и самата флексибилност на програмите кои се предложуваат секоја година. Не секогаш сите цели се испол-нуваат, но затоа има многу други активности и проекти, како и цели кои не биле во програмата, но успешно се реазилирале и оставиле своја трага во науката и општеството. Со ова МНЗА докажува дека секогаш се стреми кон модерните општествени норми и е подготвено да биде во тек со научните достигнувања.
Во последниот дел од годишното собра-ние членови на МНЗА ги претставија своите трудови и проекти. За оваа година членовите м-р Мери Нолчева и м-р Розалија Бошковска ги претставија своите магистерски тези пред членството на МНЗА. Претседателот проф. д-р Владимир Трајковски им посака на сите членови голем успех во наредната година, а МНЗА не само да го постигне успехот од оваа година, туку и да го надмине.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2016-03-31

Како да се цитира

ОДРЖАНО РЕДОВНОТО ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА МАКЕДОНСКОТО НАУЧНО ЗДРУЖЕНИЕ ЗА АУТИЗАМ. (2016). Дефектолошка теорија и практика, 17(1-2), 121-123. https://journals.ukim.mk/index.php/jser/article/view/5062

Најчитани трудови од истиот автор(и)