КАКО ДА СЕ ОДБЕРЕ НАЈСООДВЕТНИОТ СТАТИСТИЧКИ ТЕСТ ВО НАУЧНИТЕ ТРУДОВИ

Автори

  • Vladimir Trajkovski Faculty of Philosophy, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje

Клучни зборови:

Статистичка селекција на тест, статистика, научен труд, статистички програми

Апстракт

Статистиката е дел од математиката која се занимава со собирање, анализирање, интерпретирање и презентирање маса (голем број примероци) нумерички податоци со цел да се извлечат релевантни заклучоци од истата. Статистиката е форма на математичка анализа која користи квантификувани модели, репрезентации и синопсиси за даден број експериментални податоци или истражувања кои се спроведуваат со жива материја. Студентите и младите истражувачи во биомедицинските науки како и во специјалната едукација и рехабилитација често го искажуваат своето мислење дека одбрале да се запишат на тие студии поради тоа што не поседуваат големо знаење или интерес за математика. Тоа е тажна изјава, но има и вистина во неа.
Целта на овој едиторијал е да им послужи и да им помогне на младите истражувачи да ја одберат најсоодветната техника за статистичка обработка на податоците која ќе соодветствува на целите и условите на одредена анализа. Најважните статистички тестови ќе бидат прикажани во овој труд.
Да знаеш како да го одбереш правилниот статистички тест е многу важна одлука во делот на обработката на добиените податоци и во пишувањето на научниот труд. Младите истражувачи и автори би требало да знаат како да ги одберат и како да ги користат овие статистички методи. Компетентниот истражувач мора да поседува одреден степен на знаење во однос на статистичките процедури. Тука може да се подразбира курс за вовед во статистиката и, се разбира, користењето на добар учебник по статистика. За оваа цел, постои потреба предметот Статистика да биде задолжителен предмет во наставната програма на Институтот за дефектологија при Филозофскиот факултет во Скопје. Младите истражувачи имаат потреба од дополнителни курсеви за да се здобијат со поголемо знаење во областа на статистиката. Тие мора да се обучат за да користат статистички компјутерски програми на соодветен начин.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2016-09-30

Како да се цитира

КАКО ДА СЕ ОДБЕРЕ НАЈСООДВЕТНИОТ СТАТИСТИЧКИ ТЕСТ ВО НАУЧНИТЕ ТРУДОВИ. (2016). Дефектолошка теорија и практика, 17(3-4), 5-28. https://journals.ukim.mk/index.php/jser/article/view/5042

Слични трудови

1-10 од 28

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.

Најчитани трудови од истиот автор(и)