ЕФЕКТОТ ОД ОБУКАТА ЗА ЕМОЦИОНАЛНА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА НА БИХЕЈВИОРАЛНИТЕ ПРОБЛЕМИ НА МОМЧИЊАТА СО ЕКСТЕРНАЛИЗИРАНИ БИХЕЈВИОРАЛНИ НАРУШУВАЊА ВО ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА

Автори

  • Косар Могхадам ПУР Faculty of University of Welfare and rehabilitation Sciences, Tehran, Iran
  • Наргес АДИБСЕРЕШКИ Факултет при Универзитетот за социјална заштита и рехабилитациски науки, Техеран, Иран
  • Масоме ПУРМОХАМАДРЕЗА-ТАЈРИШИ Факултет при Универзитетот за социјална заштита и рехабилитациски науки, Техеран, Иран
  • Саманех ХОСИНЗАДЕХ Факултет при Универзитетот за социјална заштита и рехабилитациски науки, Техеран, Иран

Клучни зборови:

емоционална интелигенција, проблеми во однесувањето, екстернализирано нарушување во однесувањето

Апстракт

Целта на ова истражување е да се испита ефектот на емоционалната интелигенција врз проблемите во однесувањето кај момчиња со изразено нарушување во однесувањето во основните училишта.
Методологија: Ова квазиекспериментално истражување е спроведено заедно со преттестирање, посттестирање, со контролна група и тест за следење. Како примерок беа избрани 40 ученици идентификувани со екстернализирани проблеми во однесувањето преку Формуларот на наставничките извештаи и Листата за проверка на однесувањето на децата, кои по случаен избор беа поделени во две групи (20 во експериментална група и 20 во контролна група). Со експерименталната група беше изведена обука за емоционалната интелигенција вo 17 сесии (2 сесии неделно по 60 минути), а контролната група ја посетуваше само регуларната училишна програма. По два месеца, за да се испита стабилноста (постојаноста) на ефектите од обуката, беше спроведен тест за следење. На крајот, добиените податоци беа анализирани со статистички метод на генерализирани равенки за проценка.
Резултати: Резултатите покажаа дека интервентната програма создаде значајна разлика меѓу постигањата на експерименталната и на контролната група (p<0.001).

Заклучоци: Може да се заклучи дека обуката за емоционална интелигенција ги намалува проблемите во однесувањето на момчињата со екстернализирано нарушување во однесувањето и помага во превенцијата од појава на овие проблеми.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2014-09-30

Како да се цитира

ЕФЕКТОТ ОД ОБУКАТА ЗА ЕМОЦИОНАЛНА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА НА БИХЕЈВИОРАЛНИТЕ ПРОБЛЕМИ НА МОМЧИЊАТА СО ЕКСТЕРНАЛИЗИРАНИ БИХЕЈВИОРАЛНИ НАРУШУВАЊА ВО ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА. (2014). Дефектолошка теорија и практика, 15(3-4), 59-76. https://journals.ukim.mk/index.php/jser/article/view/5090

Слични трудови

1-10 од 28

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.