За списанието

Научното списание Современа филологија (СФ) е меѓународно електронско списание со двојно анонимно рецензирање, кое објавува висококвалитетни научни статии од областа на лингвистиката, применетата лингвистика, литературата и културолошките студии. Списанието има за цел да ги поттикне и да ги промовира истражувањата кои се однесуваат на теориски и на применети прашања, со посебен фокус на современите текови, на иновативните методологии и на интердисциплинарните пристапи.

СФ прифаќа оригинални трудови кои:
- обработуваат лингвистички, книжевни и културолошки аспекти;
- вклучуваат компаративна или контрастивна анализа;
- истражуваат клучни прашања од книжевната теорија и критика;
- се однесуваат на преведувањето и на меѓукултурната комуникација.

Особено се добредојдени прилози што обработуваат теми од доменот на балканистичките и на славистичките студии.

Ги покануваме авторите да испраќаат претходно необјавени научни трудови, прегледни статии и рецензии на книги, напишани на англиски или на македонски јазик. Списанието излегува двапати годишно, со поддршка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Indexed and abstracted in

 

Известувања

Нов број, том 9, број 1, 2026 (јуни)

2026-07-06

Најновиот број на Современа филологија  9 (1) 2026 е достапен онлајн со отворен пристап. 

Следниот број на списанието (том 9, број 2, декември 2026) ќе биде специјално издание со избрани трудови презентирани на конференцијата Sinfonija 18 - 18th Conference on Syntax, Phonology and Language Analysis (26–27 септември 2025, Скопје).

Во меѓувреме, Редакцискиот одбор продолжува да прима трудови за наредните редовни броеви на списанието и ги охрабрува авторите да ги доставуваат своите ракописи. Трудовите можат да се испратат на англиски или на македонски јазик. Прочитај повеќе за Нов број, том 9, број 1, 2026 (јуни)

Тековно издание

Том. 9 Бр. 1 (2026): Современа филологија
					Прегледај Том. 9 Бр. 1 (2026): Современа филологија

Том 9 Бр. 1 (2026): Современа филологија

 

Online ISSN 2545-4773;   Print ISSN 2545-4765

Објавено: 2026-06-29
Види ги сите изданија

Списанието Современа филологија (СФ) е меѓународно електронско списание со двојно рецензирање, коешто објавува научни статии што се однесуваат на сите аспекти на лингвистиката, применетата лингвистика, литературата и културолошките студии. Списанието настојува да привлече висококвалитени статии кои претставуваат оригинални истражувања, посветени на апликативната дејност, теоријата, методологијата и преведувањето, со посебен осврт на современите тенденции во овие области. СФ ги повикува авторите да приложуваат досега необјавени статии и рецензии на книги на англиски и на македонски јазик. Списанието излегува два пати годишно, како издание на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.