Нов број, том 9, број 1, 2026 (јуни)
Најновиот број на Современа филологија 9 (1) 2026 е достапен онлајн со отворен пристап.
Следниот број на списанието (том 9, број 2, декември 2026) ќе биде специјално издание со избрани трудови презентирани на конференцијата Sinfonija 18 - 18th Conference on Syntax, Phonology and Language Analysis (26–27 септември 2025, Скопје).
Во меѓувреме, Редакцискиот одбор продолжува да прима трудови за наредните редовни броеви на списанието и ги охрабрува авторите да ги доставуваат своите ракописи. Трудовите можат да се испратат на англиски или на македонски јазик.
