За списанието

Научното списание Современа филологија (СФ) е меѓународно електронско списание со двојно анонимно рецензирање, кое објавува висококвалитетни научни статии од областа на лингвистиката, применетата лингвистика, литературата и културолошките студии. Списанието има за цел да ги поттикне и да ги промовира истражувањата кои се однесуваат на теориски и на применети прашања, со посебен фокус на современите текови, на иновативните методологии и на интердисциплинарните пристапи.

СФ прифаќа оригинални трудови кои:
- обработуваат лингвистички, книжевни и културолошки аспекти;
- вклучуваат компаративна или контрастивна анализа;
- истражуваат клучни прашања од книжевната теорија и критика;
- се однесуваат на преведувањето и на меѓукултурната комуникација.

Особено се добредојдени прилози што обработуваат теми од доменот на балканистичките и на славистичките студии.

Ги покануваме авторите да испраќаат претходно необјавени научни трудови, прегледни статии и рецензии на книги, напишани на англиски или на македонски јазик. Списанието излегува двапати годишно, со поддршка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Indexed and abstracted in

 

Известувања

Нов број, том 8, број 2, 2025 (декември)

2025-12-11

Најновиот декемвриски број на Современа филологија 8 (2) 2025 е достапен за слободен пристап. Современа филологија прифаќа статии за том 9, број 1, 2026 (јунски број). Краен датум за испраќање статии: 15 март 2026. Статиите што ќе пристигнат по крајниот рок ќе бидат земени предвид за наредните броеви  на Современа Филологија. Статиите можат да бидат доставувани на англиски и на македонски јазик.

Прочитај повеќе за Нов број, том 8, број 2, 2025 (декември)

Тековно издание

Том. 8 Бр. 2 (2025): Современа филологија
					Прегледај Том. 8 Бр. 2 (2025): Современа филологија

Том 8 Бр. 2 (2025): Современа филологија

Online ISSN 2545-4773;   Print ISSN 2545-4765

Објавено: 2025-12-11
Види ги сите изданија

Списанието Современа филологија (СФ) е меѓународно електронско списание со двојно рецензирање, коешто објавува научни статии што се однесуваат на сите аспекти на лингвистиката, применетата лингвистика, литературата и културолошките студии. Списанието настојува да привлече висококвалитени статии кои претставуваат оригинални истражувања, посветени на апликативната дејност, теоријата, методологијата и преведувањето, со посебен осврт на современите тенденции во овие области. СФ ги повикува авторите да приложуваат досега необјавени статии и рецензии на книги на англиски и на македонски јазик. Списанието излегува два пати годишно, како издание на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.