ДВОНАСОЧНИОТ ОДНОС МЕЃУ СТРЕСОТ И ПСИХОПАТОЛОГИЈАТА: НАВРАЌАЊЕ НА ХИПОТЕЗАТА ЗА ПРЕДИЗВИКУВАЊЕ СТРЕС
DOI:
https://doi.org/10.37510/Keywords:
предизвикување стрес, зависни стресори, психопатологија, трансдијагностичкиAbstract
Хипотезата за предизвикување стрес повеќе од три децении поттикнува продлабочено проучување на поврзаноста меѓу психопатолошките феномени и стресните искуства. Моделот претпоставува дека кај лица кои веќе се соочуваат со сериозно нарушено ментално здравје, одредени личносни, когнитивни
и интерперсонални фактори на ранливост водат до доживување поголем број стресни животни настани. Иницијално, хипотезата била испитувана во однос на депресијата, но подоцна се поврзува и со други ментални растројства. За разлика од доминантните претпоставки за односот меѓу стресот и психопатологијата, овој модел ја истакнува активната улога на поединците во обликувањето на своите животни околности, при што предизвиканиот т.н. зависен стрес истовремено е исход (барем делумно) од нарушеното ментално здравје, но и механизам што ја одржува или влошува психолошката дисфункционалност.
Во трудот е презентиранкус преглед на емпириските наоди кои обезбедуваат поддршка на трансдијагностичката применливост на моделот, како и увид во факторите на ризик за предизвикувањето стрес. Дискутирани се клиничките импликации, релевантни за третманот на нарушеното ментално здравје, како и методолошките ограничувања, можностите за нивно надминување и насоките за идни истражувања.
Downloads
Published
Issue
Section
License
Copyright (c) 2025 Катерина Наумова

This work is licensed under a Creative Commons Attribution 4.0 International License.